13:47 - 10 ноември, 2026

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Младата македонска музичка кантавторка и пејачка Марија Спасовска ја објави својата нова песна „100 промили“.

Вообичаено, песната е проследена и со официјален видеоспот, кој веднаш по премиерата е достапен на нејзиниот канал на YouTube, како и на сите дигитални музички платформи.

Инаку „Сто промили“ е уште едно музичко парче од новитиот сет песни кои се најдоа на нејзиниот дебитантски албум „Седатив“, кој излеза пред почетокот на летото.

Зад музиката и текстоти овој пат стои самата Марија, додека аранжманот, миксот и продукцијата ги потпишува еминентното авторско-продуцентско име, нејзиниот стар соработник Дарко Димитров, со кого Марија соработувала и во создавањето на новата музичка приказна.

Видеото е во продукција на „Artistic Film“, додека фотографиите од снимањето ги потпишува Стефан Јакимовски. Во реализацијата на видеоспотот учествувале и танчерки кои ја придружуваат пејачката за чија кореографија биле задолжени „Eat The Beat Dance“.

Инаку, музички „100 промили“ е уште една тема во стилот кој пејачката го негува. Модерна ар-ен-би – поп песна во слоу денс ритам, со емотивно-заводлив вокал и интерпретација која буди возбуда, на која совршено се надоврзуваат стиховите во кои ќе се препознае секоја млада вљубена девојка на која ќе и се случи „љубов на прв поглед“ кога најмалку очекува и ќе ја опие како алкохол во крвта… Од „100 промили“!

И кога на тоа ќе му се додадат заводливиот изглед и танцот на младата ѕвезда заедно со нејзината придружна група млади, убави и згодни танчарки, како и одлично изведената актерска игра која совршено кореспондира со стиховите и прикаската во песната, „100 промили“ ветува дека ќе биде тригер песна што уште повисоко ќе ја катапултира Марија меѓу естрадната ѕвездена елита.

Со неа таа и понатаму продолжува да ја гради својата специфичен музичка приказна темелена на албумот „Седатив“, овојпат со песна чиј наслов привлекува внимание како и видеоспотот што ја надополнува нејзината зацртана патека.

Песната е достапна на дигиталните платформи, а официјалниот видеоспот можете да го погледнете и во продолжение.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....