10.8 C
Скопје
12:02 - 30 март, 2026

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот потпис: Имаше сериозни здравствени проблеми

Една од најпопуларните пејачки во регионот често истакнува дека за нејзин најголем успех го смета нејзиното стабилно и среќно семејство.

Нејзината ќерка Јелена е на прво место, но многумина се фасцинирани од врската на Неда со нејзиниот зет, кој дури го истетовирал и нејзиниот потпис. Таа во интервју за „Информер“ откри која е причината за овој несекојдневен гест.

„Го прифатив сопругот на ќерка ми како мое дете. Пеца не го истетовира моето име поради недвижниот имот што му го препишав, туку затоа што му помогнав со неговото здравје. Инсистирав да оди на клиника и успешно решивме се. Се работеше за оштетување на видот, беше сериозно. Можеше да ослепи на едното око. Фала му на Бога, сè помина добро, а од благодарност реши да ми го истетовира потписот“, објаснува Неда.

„Јелена и нејзиниот зет ја имаат мојата поддршка во сè, јас секогаш ќе стојам зад нив. Тој е добар сопруг и родител, но и домаќин. Се почитуваме, тоа ми е повеќе од доволно, секогаш сме еден за друг. Животот е море од обврски, семејното единство мора да се врати, тоа ни недостасува во општеството“, додава пејачката.

Инаку, Неда ужива во идилична семејна атмосфера, која е нејзина најголема мотивација и инспирација во животот.

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....