9.8 C
Скопје
12:33 - 1 април, 2026

„Не сум злопамтило“: Познатата старлета му прости на дечкото, откако тој брутално ја претепа

Пред неколку месеци, старлетата Тамара Бојаниќ го обвини својот партнер за физичко насилство, а сега ја шокираше јавноста признавајќи дека му простила за насилството и долгот од 20.000 евра.

Откако објави видео кон средината на февруари во кое тврдеше, со крваво лице и солзи, дека нејзиното момче ја претепало во нејзиниот стан, Тамара беше нападната на социјалните мрежи дека сè измислила.

– Сè е вистина. Бев физички нападната, моето момче ме претепа, но подоцна го решив тоа со него. Не сме заедно, но имаме добра врска. Брзо заборавам лоши работи, не сум золпамтило. Не повикав полиција, па тврдеа дека сè сум измислила. Не сакав да ја вмешам полицијата бидејќи знаев дека таков човек сум и дека ќе се помирам со него – изјавила Тамара за „Хајп“.

Во тоа време, старлетата тврдеше и дека нејзиниот партнер ѝ должи 20.000 евра.

– Ми должеше многу повеќе, но поголемиот дел го „испеглавме“. Секогаш сум спремна да помогнам, затоа се наоѓам во такви ситуации. Заработувам свои пари, се финансирам сама, не ми треба спонзор. Не ми е гајле дали ме осудуваат, важно ми е да имам пари за да живеам добро. Оние што ме осудуваат се првите што трчаат да се сликаат со мене – рече старлетата, која ги продаде своите користени гаќички за 10.000 евра.

Позната по своите контроверзни изјави, Бојаниќ ја шокираше јавноста пред неколку месеци со изјава во која им се потсмеваше на младите луѓе кои учат и работат напорно на себе, истакнувајќи дека за неколку години ќе можат само да го перат нејзиниот автомобил.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....