6.8 C
Скопје
05:05 - 21 февруари, 2026

Не штеди на децата: Цеца ѝ купила подарок на Анастасија вреден 20.000 евра

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ дефинитивно не штеди на децата. Имено, таа купила луксузен часовник „Ролекс“, вреден вртоглави 20.000 евра, кој ѝ го подарила на својата ќерка Анастасија.

Како што пренесуваат српските медиуми мајката одамна не купила толку скап подарок.

„Сите знаат дека Цеца не штеди пари кога се во прашање нејзините деца. Уште во нивното детство, таа кај Вељко и Анастасија го всадила ставот дека материјалните работи не се толку важни колку љубовта и среќата на семејството, но како и секој родител сака да им купува скапи подароци. Така, за 25. роденден и подари „Ролекс“ кој чини 20.000 евра! Цеца одамна не ѝ купила нешто толку скапо и сакала да ја израдува за роденденот“, раскажал добро упатен извор.

Тој додава дека Анастасија дури неодамна почнала да го носи тој часовник.

„Иако го има од мај, дури неодамна почна да го носи во јавност, најчесто во друштво на сопругот Немања Гудељ. Сите нејзини пријатели се воодушевиле кога ја виделе со тој часовник на раката и ја прашале од каде го добила. Таса се пофали дека го добила од мајка и и дека многу и се допаѓа“, додава изворот.

Како што се наведува понатаму, подарокот на Цеца бил од бело и жолто злато.

„Тој модел е од луксузна линија која има посебен механизам. Изработен е од 18-каратно злато, има заштита од гребнатини, водоотпорен е, а самиот механизам е еден од најдобрите направени од оваа швајцарска компанија“, вели изворот.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....