15:40 - 6 април, 2026

„Не би дошла и да ме поканеше“: Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ откри зашто присуствуваше на роденденот на Срна

Пејачот Дарко Лазиќ заедно со сопругата Катарина Лазиќ организираше голема прослава по повод првиот роденден на нивната ќерка Срна. На забавата присуствуваа бројни колеги, пријатели и членови на семејството, но меѓу гостите немаше една важна личност – неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ, мајката на неговиот син Алексеј.

Иако малиот Алексеј беше вистинската ѕвезда на вечерта, Марина не се појави, а сега откри и зошто.

„Не бев поканета на прославата, но не би отишла. Имам коректен однос со Дарко поради нашето дете, но немам потреба да се дружам со неговото семејство. Важно ми е да постои меѓусебна почит, а не блискост што не е искрена,“

изјави Марина Гагиќ за „Стори“.

Ана Севиќ највесела на забавата

За разлика од Марина, поранешната сопруга на пејачот, Ана Севиќ, доби покана и со задоволство присуствуваше на роденденот.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи, се гледа дека Ана беше меѓу најрасположените гости и топло ја поздрави Катарина Лазиќ, сопругата на Дарко.

„Мораше да испочитувам и да стигнам. Мојот сопруг може да доцни, јас не – завршував емисија. Очекувам дека децата ќе ме слушаат, Даниел ми праќаше снимки, сè е во ред. Некаде другпат ќе се забавуваме малку повеќе,“

рече Ана со насмевка.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....