14.8 C
Скопје
11:16 - 23 октомври, 2026

Нарушено здравјето на Бора Чорба, откажани му се сите настапи: „Ќе ја победиме болеста“

Здравствената состојба на познатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ (71) е влошена, а сите негови настапи се откажани до понатамошно известување.

Имено, на официјалната фејсбук-страница на групата „Рибља чорба“ објавено е соопштение за  здравствена состојба на Бора Ѓорѓевиќ.

– Драги пријатели, поради нарушената здравствена состојба на Бора Ѓорѓевиќ, лекарите му забранија да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови, како и влошување на состојбата со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ги победиме болестите и штом Бора се опорави ќе се видиме на нови дружења! – се наведува на официјалната Фејсбук страница на групата.

Да потсетиме, фронтменот на групата „Рибља Чорба“ Бора Ѓорѓевиќ (71) поради болест го откажа својот настап и за Нова година.

Инаку, Бора живее во Словенија со сопругата, која му е голема поддршка.

– Веројатно ќе умрев некаде попат да не дојдев во Словенија бидејќи бев премногу див. И тоа има свои добри страни, но јас малку претерав. Ова го сфатив кога некои мои делови престанаа да работат, а немаше резервни. Не реагирав веднаш, се опуштив. Човек најпрво помислува: „Ќе терам додека можам“, воопшто не се загрижува. Сега знам покрај кого сум и кој ме сака, и дека има смисла да се трудам да траам што подолго, за и таа љубов да потрае – објаснил неодамна Бора.

 

Слични објави

„Нема да поверувате колкава е разликата во години меѓу Брена и Боба“ — овој детал речиси никој не го забележал низ годините

E.A.

„Кажува добри работи за нејзини години“: Коки Јанков откри колку му значи мислењето на ќерката

Еспресо

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Хороскоп за 23 октомври: Бикови, поради една ситница ќе се чувствувате многу среќно

Еспресо

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо
Се вчитува....