8.8 C
Скопје
19:05 - 30 март, 2026

Наместо свадба, разделба: Рада Манојловиќ после една година врска раскина со дечкото

Рада Манојловиќ

По повеќе од една година врска, Рада Манојловиќ раскина со своето момче Владимир Ранковиќ. Иако многумина веруваа дека пејачката наскоро ќе стапне на лудиот камен, таа повторно е сингл.

Рада Манојловиќ повеќе од една година уживаше во врска со Владо, кој покрај тоа што ѝ беше емотивен партнер, беше и нејзин возач.

Иако ја најави венчавката, пејачката, како што пренесуваат српските медиуми, ставила точка на врската со Владо, кој ѝ бил десна рака.

Владимир учествуваше и во последниот албум на пејачката. Текстот за песната „Нисам дрогирана“ го напиша покојната Марина Туцаковиќ, која е заслужна за многу безвременски хитови, а вториот дел од текстот го напишал Владимир Ранковиќ. Иако сè навестуваше дека Рада наскоро ќе се мажи, сепак љубовта избледе.

– Влада е многу фин тип, Рада и тој одлично се сложуваа, но се виде дека има малку презаситеност. Прво беа соработници, па пријатели, а потоа се роди љубов. Таа никогаш јавно не признала дека е во врска со него, но ниту тоа не го демантираше. Кога нивната љубов беше објавена во јавноста, тие не можеа да ги сокријат емоциите – изјавил извор близок на парот, додавајќи:

– Немаше изневерување или лоша крв, нормално се разделија. Рада е тежок професионалец, нејзината работа бара многу енергија, а Влада сакаше други работи, тие ја немаа истата визија за иднината. Најтешко и е кога нема целосна слобода, тоа е она што не може да го поднесе.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....