3.8 C
Скопје
00:17 - 21 декември, 2024

На домашна ракија од јапонско јаболко кај Костадин Воданов: Да погодат од што е ракијата? Нема шанси!

Ракиичката од јапонско јаболко оди со сè. Костадин со пријателите ја пијат и со салати, со месо, со риба, си немаат проблем. Одлична би била и за коктели. А дури и ако малку претерате, утре пак си немате проблем, зашто од неа максимално се отстранети штетните состојки. На здравје!

Костадин Воданов веројатно не е првиот човек од Македонија што пробал ракија од јапонско јаболко, но е прв Македонец што направил малку поголеми количини ваква ракија. Пред да се впушти во овој подвиг, малку истражувал на интернет и вели дека не нашол никаде каде што се нуди ракија од јапонски јаболка, освен на една органска фарма во Португалија. „Тоа што го најдов досега се однесува на микро количини, а зошто е така, не знам“, нè воведува Костадин во разговорот. И веднаш го прашуваме „зошто јапонски јаболка?“. Тој ни објаснува дека ова овошје, пред сè, не е никакво јаболко, туку ѝ припаѓа на фамилија абонос (еbenaceae), и дека според него спаѓа во мушмули, а потекнува од Кина, која е најголем производител на јапонски јаболка. Намерата на Костадин за производство на ракија од јапонски јаболка била уште од времето кога го засадил својот прв насад од 120 дрвца, пред повеќе од 15 години. Тој вели дека во Стојаково успеваат овие „јаболка“, но бидејќи има многу ветер не може да се произведе квалитетен плод што се бара на пазарот, цената е исто така многу мала, па така, неговата идеја за производство на ракија била уште од времето кога садел. Претходно никаде не пробал ваква ракија, бидејќи никој ја немал направено, но вели и дека не е баш негов изум зашто „од сè што содржи шеќер може, начелно, да се направи ракија“. Инаку, Костадин по природа е човек што сака да експериментира и тоа со секакви работи, па така, ова му дошло како одличен предизвик. „Проблемот со неа е големата количина танин што е содржана во плодот, тоа го решив, едноставно со селекција на плодовите, како што прават сите што прават овошни ракии. Другиот чекор беше да купам казан со мешалка, за да не загори танинот на дното на казанот, проблем што се решава само со купување нов казан“, се смее нашиот соговорник сеќавајќи се на почетоците.

Произведувате и ракија од јаболка, која е разликата помеѓу ракија од јапонски јаболка и ракија од јаболка?  

– Да, произведувам и ракија од јаболка, и не само од неа, оваа година направив мала количина ракија од малите кајсии што ги има кај мене и пробав од диња, која е преубава. Инаку, начинот на производство ракии од овошје е горе-долу ист со мали разлики. Најмногу треба да се обрне внимание на ферментацијата т.е. на нејзиниот тек, тогаш се прави ракија, а казанот е само дестилатор, и тогаш немате проблем.

Каква е реакцијата на луѓето кога ја дегустираат оваа ракија? Можат ли веднаш да погодат од што е направена според вкусот?

– Различна, во најголем број се воодушевени, бидејќи е нешто што е навистина нов вкус што го пробале, за други е ок, ама сепак ќе одберат лозова, која исто така кај мене се прави од дедо ми, па татко ми, и сега јас. Да погодат од што е ракијата? Нема шанси, бидејќи е нешто што немаат пробано.

Колку Гевгелискиот Регион е погоден за одгледување јапонски јаболка?

– Гевгелиската клима е погодна за производство на ова овошје, ама ветерот го прави своето, па така не можеме да направиме врвен производ, додека во Валандово или во Струмица имаат многу подобри услови и има подобар квалитет.

Следната година сигурно ќе пробам да направам од лубеница и од тиква, ракии што ги имам пробано кога одиме на разни дружења низ Србија

Со какво мезе најдобро оди?

  Мене и на моите пријатели ни оди баш со сè, и со салати, и со месо, и со риба, немаме проблем. Мислам дека би била добра за коктели ама треба некој друг да мисли за тоа, тој што знае, ние главно ја консумираме со салата и вода, и добро ни оди, некогаш можеме и да ја претераме ама утредента немаме проблем бидејќи од неа максимално се отстранети штетните состојки.

Кој е следниот Ваш предизвик во однос на производство на жестоки пијалаци?  

– Сега подготвувам некоја количина од крушка и дуња, и тоа ќе биде за оваа година. За понатаму, сакам да направам поголема палета овошни ракии што во Македонија се баш ретки, освен сливата што ја има. Предизвик ми е праската, ама проблемот со неа е времето кога стасува, температурите се високи, така што без простор со контролирани температурни услови, тоа е невозможно. Следната година сигурно ќе пробам да направам од лубеница и од тиква, ракии што ги имам пробано кога одиме на разни дружења низ Србија, каде што се прават ни сам не знам колку различни овошни ракии. Малку да се пофалам надвор од контекстот на прашањето, во последната година сум бил на повеќе оценувања на ракии во Србија, каде што тоа го прават врвни професори, луѓе што ја разбираат оваа проблематика, и секаде сум обично прв во категоријата лозова ракија, имам 6 пехари и највисоко признание „ајкула“, кое се добива ако имате оценка над 19. Правам и мали количини ракија од вино, која е оценета секогаш со злато, а јапонското јаболко додека го ставаа во категоријата јаболка беше со оценка под 17. Сега, последно, во Панчево, каде што е најголемата Ракијада во Србија, ја ставив во специјални ракии, добив оценка 17,80, тоа е големо сребро, за 0,20 поени не стасав до злато, ама до година сигурно ќе го добијам.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....