5.8 C
Скопје
06:15 - 1 април, 2026

НА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ СЕ ЈАДЕ ПАЧА: Ви го носиме највкусниот рецепт

Денес, 19 јануари, на Богојавление Водици традиционално се јаде пача, односно пивтија. Па, доколку вчера не сте ја подготвиле, не ви е доцна ни денес. Ви го носиме највкусниот рецепт.

Намирници:

6 свински нозе (3 суви и 3 свежи)
3 свински опашки
2 пара свински уши
1 свинска коленица
4 чешниња лук
сол, бибер, ловоров лист…

ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги состојките и ставете ги во поголемо тенџере, зачинете по вкус и прелијте со вода (околу литар).

Гответе ги состојките на тивок оган неколку часа (до пет часа). Од време на време собирајте ги маснотиите што се таложат на површината.

Пачата е зготвена кога месото само ќе отпадне од коските, а течноста ќе биде леплива. Тргнете го тенџерето од рерната и оставете месото да се излади. Отстранете го вишокот маснотии, доколку ги има.

Процедете ја смесата низ сито, тргнете ги коските и месото на страна и исечкајте ги до посакуваната големина. Месото наредете го во неколку подлабоки чинии, исечкајте го лукот и додадете го врз месото, а потоа секоја чинија прелијте ја со течноста што сте ја исцедиле.

Оставете ги пифтиите убаво да се изладат на студено, по желба наросете црвен пипер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....