16.8 C
Скопје
14:43 - 10 март, 2026

НА 18 април Академијата ќе одлучи дали ќе му го одземе Оскарот на ВИЛ СМИТ: Во НЕМИЛОСТ се и идните филмски проекти на Смит!

вил смит
По она што се случи на последната церемонија на доделувањето на Оскарите, и по оставката дадена на Академијата од страна на Вил Смит, сега глумецот ќе се соочи со двонеделна борба за да си ја спаси својата кариера бидејќи Академијата планира да му ја одземе статуетката.
Да се потсетиме, Добитникот на наградата Оскар за најдобар актер му удри шлаканица „во живо“на водителот на вечерта, Крис Рок, виновен за исмејување на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит, поради нејзината болест алопеција.
Состанокот на одлучувачките членови на Академијата е закажан за 18 април, а таму ќе се открие „дали актерот ќе го задржи својот Оскар – со тоа и кариерата“, изјави близок човек на самата Академија.Во меѓувреме, проектите на ѕвездата, вклучувајќи ги филмовите Bad Boys 4 и драмата за ропство на Apple Emancipation, сега се на чекање бидејќи раководителите на студиото одбиваат „прерано да заземат страна“.

Смит разговарал со главните луѓе во организацијата на Оскарите минатиот вторник, а темата била – какви ќе бидат последиците од нападот, објави Variety, а разговорот на Зум траел цели триесет минути. Дополнително Смит им се извинил на челниците на Академијата за своите постапки и рекол дека е свесен дека ќе има последици.

Утрово пак, во странските медиуми осамна информацијата – постирана од Варајети, дека Вил Смит поднел оставка од Академија.

Сепак, за конкретните мерки кои ќе ги преземе Академијата за случајот Смит – Рок, ќе почекаме до 18.април и ќе дознаеме.

Слични објави

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin
Се вчитува....