-4.2 C
Скопје
01:12 - 25 ноември, 2024

„Мојот ангел одлета, мојата зеница, светлина, голема уметница…“- Јулија ја потврди страшната вест; ви пренесуваме дел од необјавената автобиографска книга на Андријана Мациев

Денес одекна тажната вест дека уметницата, сликарката Андријана Мациев нè напушти. Веста пристигна од различни извори, а нејзината мајка, познатата пејачка и водителка Јулија, ја потврди пред еден час преку трогателна порака на социјалната мрежа Фејсбук.  

„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата моја прва љубов, мојата единствена рожба, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата Голема уметница…болииии…болиии…болиии“-напиша Јулија известувајќи дека погребот ќе биде утре (петок) во 14 часот во капелата на градските грибишта Бутел.

фото-приватна архива

Јулија пред три дена објави апел на Фејсбук со зборовите  „помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија. Верувам дека бог ќе направи чудо, зашто за бог е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“.

Во 2020 на роденденот на Андријана ѝ беше дијагностициран рак кој метастазирал на коските и црниот дроб. Мината година пак, по долга борба со хемотерапии и зрачење, уметницата токму на својот роденден објави со радост дека одлично се чувствува, а потоа следуваа и изложби и работа на сопствената книга на оваа тематика. Книгата остана недопишана.

Ви пренесуваме извадок од автобиграфска книга на Андријана која книгата ја пишуваше додека се бореше со канцерот.

 

„Како се сака жена со канцер!

Пред некој ден прочитав на некои портали за Радош Бајиќ (актер од Србија) и неговата сопруга која се сооочила со канцер на дојка. Тој раскажа за времето кое го поминале во болница, за неговата поддршка, за љубовта, за вниманието додека целосно оздравела сопругата.  
Јас во овој мој период од дијагноза па до денес имав прилика да се сретнам, запознаам со многу жени, мажи…кои се во истава приказна. Се изнаслушав разни животни ситуации кои ги носи канцерот. Разни искуства, од различни карактери, некои на многу блиски личности, па и лични искуства.

Пред месец дена бев на Гастро, на некои испитувања. Така чекајќи во ходникот дојде еден повозрасен пар, мажот ја туркаше жената во количка и ја смести веднаш до мене. Таа едвај зборуваше, страв, болка, очај извираше од секоја нејзина клетка. А тој стоеше до неа и ја галеше по косата, ја гушкаше и велеше да не се грижи и дека за се има решение. Ах си реков, колку убаво, ми се врати вербата во партнерството. Вербата дека со љубовта се излекува сè!

Пред некој ден се слушнав со сопругот на една жена, која по втор пат добива дијагноза. А непосредно, можеби една недела предходно и се видовме на Онкологија, таа во количка, со болка во погледот и страв. Ме викна Др. Нино и вели, кажи Андријана како дојде ти овде!
Реков исто како вас…но еве ме сега сум на нозе! Мотив! Кога се слушнавме со сопругот во неговата боја на глас се чувствуваше загриженост, но во исто време дека нема предавање, тој е тука за нејзе!

Разменивме мислења, за витамини, исхрана, психолошка поддршка. И се сложивме заедно да одиме до целосно здравје.

Ова го пишувам со цел да ви кажам дека има и такви жени кои немаат поддршка ниту од мажите, ниту од семејството, па и пријателите се откажуваат од вас. Да и најблиските во еден момент стануваат далечни. Испласени како ќе се носат со вас и вашата дијагноза, кога ви е најтешко ви го вртат грбот и си одат. Некои жени дури се соошуваат и со насилство! Да, зошто не се во состојба да ги извршуваат домашните обврски, зошто повеќе не се истите личности, можеби некоја нема гради, некоја нема матка или друг орган, има лузни по телото… лузни кои и не се гледаат! Зошто се сменила нивната физичка па и ментална состојба.

Но едно да знаете, не треба да нè жалите! Не треба жената да чувствува страв, доволен и е сопствениот уште и фали и на блиските. Една жена која се соочила со канцер е исто како да се родила повторно. Таа не бара сожалување, не бара некој постојано да се тресе врз нејзе од страв, не бара да биде третирана како да дошол крајот!

Една жена со канцер, има потреба само од здрави, ментално, физички и духовно стабилни личности. Мажот, партнерот ако не е во состојба да ја прифати таква нека замине веднаш, а не од кога ќе му текне дека неможе повеќе, дека на друго место ќе најде нешто подобро.  
Жена со канцер, се сака со радост, смеење, песна, игра, без никакви услови, без никакви очекувања, со поддршка, со храброст, со љубов, со мотивација, со грижа само како секој ден да се исполни со среќа (за сите засегнати во случајот). Направете некоја лудост, нешто ново, невообичаено изненади ја, расположи ја…биди креативен.

Ракот е излечлив! Дајте љубов и со љубов испратете гоСакајте се како секој ден да е почеток, како прв пат кога се сретнавте како првото заљубувањеЕте така се сака жена со канцер, а и без канцер.
П.С: Истово важи и за мажите.“

Само со овој дел, мал извадок од автобиографската книга, Андријана покажа дека е сестрана уметница, не е само сликарка, туку и има искрено, пластично, истенчено чувство за пишување.

За жал, автобиографијата не ја дочека својата светлина меѓу испечатените книги. За сега.

Збогум, уметнице! Си замина Андријана Мациев, пријателите се простуваат, „денес ми е толку тешко…“

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....