9.8 C
Скопје
21:02 - 21 март, 2026

Модните избори на Лаура Паузини на втората полуфинална вечер: Водителката на Евровизија ја славеше италијанската легендарна креаторка, еве која

За второто полуфинале поп ѕвездата, сега во улога на водителка, Лаура Паузини го покажа раскошот на италијанската мода преку три фустани во различни бои и со сосема различен крој.

Паузини всушност овојпат се  потпре на креативноста на на големата дама на модата Made in Italy Алберта Ферети која за неа дизајнираше три креации.

Додека првата вечер Паузини одбра креации со идентична боја, а во различни нијанси, розова (преку дизaјните на Валентино) водителката овој пат ги смени моделите, боите и стилот.

Пејачката ја отвори втората вечер цитирајќи ја Мадона која во 1987 година одржа легендарен концерт во Торино и ја поттикна публиката на Пала Олимпико исто како и тогаш: „Дали сте жешки?“

Првиот фустан на Паузини беше црвен, модел со корсет без прерамки и со обемен долен дел во огнено црвен тул. Тенок појас со блескава тока ја дефинира силуетата и скапоцен дијамантски ѓердан сјаеше на деколтето. Брановидна коса со влажен ефект и шминка која целосно се фокусира на црвениот кармин, одговарајќи на фустанот.

Вториот фустан е тотално црн со нагласување на силуетата, со голема централна челична тока. Акцентот е на раскошните ракави во форма на пеперутка.

Фризурата е собрана, повторно со влажен ефект, а тука се и кристалните обетки како совршен моден додаток.

Третиот фустан е блескав, изгледа на проѕирна наметка полна со кристали и со реси.

Косата пак, на Паузини е во бранови, а шминката е нагласена на очите и со огнено црвен кармин.

Евровизија 2022: Лаура Паузини во три розеви креации на „Валентино“

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Мистериозниот дечко на Дара Бубамара со приватен авион пристигна во Црна Гора од Дубаи

Еспресо

(Видео) Вака изгледа кога Јелена Розга и Нина Бадриќ спонтано ќе ги спојат гласовите!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Рада ѝ одговори на Карлеуша: „Не поднесувам лаги и ситни сплетки“

Еспресо
Се вчитува....