9.8 C
Скопје
13:07 - 1 април, 2026

Мишо Ковач итно хоспитализиран: Се огласи неговата ќерка Ивана која ги откри деталите

мишо ковач

Пејачот Мишо Ковач итно беше примен во болница поради нарушено здравје. Како што пренесуваат локалните медиуми, неговата ќерка Ивана ги откри деталите за неговата состојба.

Имено, станува збор за висока температура. Пејачот синоќа со возило на Брза помош заврши во КБЦ Сплит, а моментално е на пулмолошкиот оддел. неговата ќерка Ивана за медиумите изјави дека нема потреба за грижа.

„Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно. За постарите луѓе кои веќе имаат некакви потешкотии како него, треба да одат во болница…превентивно. Не е исто како кај нас здравите кога ќе добиеме висока температура. Лекарите ќе го задржат некое време, а потоа ќе го пуштат дома“, изјави Ивана Ковач.

Да потсетиме, Мишо минатата година требаше да настапи на новогодишната ноќ во Вуковар, но мораше да откаже. Тој тогаш доби висока температура. Пејачот тогаш изјави дека многу му е жал што ги разочарал жителите на Вуковар.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....