15:53 - 2 април, 2026

Мирка Федерер „жари и пали“, Федерер се тресе пред неа: Кога го запознала тенисерот била верена за пребогат Арап

Мирка Федерер е најпозната како сопруга на еден од најуспешните тенисери во светот, Роџер Федерер. Многумина велат дека таа е многу повеќе од сопруга на богат спортист и дека тој всушност неа ѝ должи голем дел од својот успех.

Но малкумина знаат дека вистинското име на Мирка е Мирослава Вавринец и дека емигрирала со родителите од Словачка кога била мала. Таа како и нејзиниот сопруг долги години играла тенис, а почнала да игра по наговор на Мартина Навратилова. Прогласена е и за највлијателна жена во Швајцарија.

Нејзиниот најголем успех бил 76-тото место во светот во 2001 година, а само една година пред тоа се запознала со својата сродна душа Роџер Федерер на Олимписките игри во Сиднеј.

Најинтересно е што Мирка во времето кога го запознала Роџер била верена со богат Арап. Сепак, таа на крајот одлучила да се откаже од свршувачката и да се препушти на прегратките на тенисерот.

Кога почнале да излегуваат, Роџер не знаел дека е верена. Тоа му го открила малку подоцна, откако го „откачила“ богаташот.

Мирка престанала да игра тенис во 2002 година поради повреда на стапалото.

Парот се венча во 2009 година на интимна церемонија во Базел. Денес имаат четири деца. За жал, Мирка често мета на критики поради вишокот килограми, па го доби епитетот „жена без комплекси“.

А сега, на изненадување на сите, таа се појави на Големата награда во Формула 1 во Мајами во сосема неочекувано издание – видно ослабена и со руса коса. Сосема нова Мирка.

И уште еднаш докажа дека е жена змеј.

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....