9.8 C
Скопје
14:00 - 31 март, 2026

Милица Тодоровиќ сподели радосна вест: Бремената пејачка „пука“ од гордост, во нејзиниот дом се слави

Пејачката Милица Тодоровиќ во последно време има толку многу добри причини за славење. Имено, таа е бремена во петти месец, а по веста дека очекува момче, во нејзиното семејство почнаа да се случуваат и други убави настани.

Милица има причина за славење, а тоа е дипломирањето на нејзината сестра Анѓела, па пејачката ја сподели оваа вест со голема гордост и радост со сите.

Нејзината сестра го одбрани магистерскиот труд и позираше со широка насмевка за Милица, која беше пресреќна што доби толку важна вест.

– Гордост на сестра. Магистерскиот труд успешно го одбрани – напиша Милица на Инстаграм.

Покрај оваа добра вест, семејството на Милила се собра во Крушевац и го прослави 66-тиот роденден на Милан Тодоровиќ, таткото на пејачката.

Имено, Анѓела сподели колаж од фотографии од нивниот татко како ги дува свеќичките на тортата за роденден и му го честиташе овој прекрасен ден со емотивна порака.

– Тато, среќен роденден! Ти посакуваме да бидеш жив и здрав барем уште сто години, и да продолжиш да нè смееш до солзи – напиша Анѓела.

Слични објави

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova
Се вчитува....