15:34 - 13 ноември, 2026

(Видео) Милица Павловиќ му исполни желба на 90-годишен обожавател: Пејачката го прекина настапот, па му запеа на уво

Српската пејачка Милица Павловиќ ги воодушеви обожавателите со потег што го направи кога виде дека 90-годишен маж дошол на нејзиниот настап во Гусиње.

Во видеото кое за брзо време стана вирално може да видиме дека пејачката се спушти во публиката веднаш штом го забележа и му ја отпеа песната од Џеј Рмадановски „Лубеница (Да си моја девојчица)“, која тој ја нарачал.

„Не ми замерувајте. До неодамна имав ваков дедо кого многу го сакав“, рекла таа.

Милица му ја отпеа и „Заведа ме, мајко, момак лош“, а тој ја награди со аплауз, по што стана да ја прегрне.

@anat9377 😍 #milicapavlovic #fy #fyp ♬ original sound – AnaT

Присутните беа воодушевени што таа го испочитува постариот човек и доби бројни комплименти на социјалните мрежи.

„Најдобра“, „Сeкоја чест“, „Како е среќен дедото“, „Кралица“, се некои од коментарите на видеата што кружат на Тикток.

Патем, Милица Павловиќ во неколку наврати зборуваше за тоа како нејзините баба и дедо ја воспитувале. Таа ги нарече најпрекрасните луѓе на светот.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....