16:26 - 5 декември, 2025

Мерлин раскажа како ја запознал својата сопруга кога имал 17 години: „Тогаш не бев ни паметен ни мудар“

Повеќе од 30.000 луѓе пееја во Сплит со Дино Мерлин, кој се врати во градот по 10 години. Музичкиот волшебник од Сараево се надмина себеси по којзнае кој пат и ја воодушеви публиката со неговите безвременски хитови.

Во ексклузивно интервју за IN Magazin, Мерлин зборуваше за неговата голема љубов со сопругата Амела и нивната најголема гордост, ќерката Наида и синот Хамза.

„Да бидам искрен, јас сум среќен човек. Имав среќа. Кога се заљубивме, имав 17 години, тогаш не бев паметен ни мудар. На 17 години, се впушташ со грлото во јагоди, па што ти даде Бог, така што имав голема среќа што сретнав сродна душа. Едноставно сме толку поврзани што е неверојатно.“

И претходно Мерлин има збрувано за тоа како се чувствувал кога првпат ја видел Амела.

„Човек мора да има среќа за да ја сретне вистинската личност, имавме среќа да бидеме две сродни души кои ја затворија вратата и влегоа во таа соба и сè уште сме во таа соба. За жал, сите луѓе немаат среќа да сретнат партнер за цел живот. Лудоста што ја направив беше всушност тоа што почнав сериозно да се забавувам на 17 години, мислев дека сум најважната личност за таа жена и дека можам да ѝ дадам сè. И тоа е лудо затоа што имав само имагинација и ужасна желба да ѝ ја дадам, а кога имаш желба, навистина силна желба, тогаш таа се остварува“, откри Дино.

Нивната најголема гордост се нивните деца, ќерката Наида и синот Хамза, кои успешно соработуваат со нивниот татко во бизнисот.

„Ќерка ми и син ми се важен дел од мојот тим, не затоа што се мои, туку затоа што се навистина вредни, добри, го прават тоа многу добро и ете, пријатното со корисното. Секогаш сум со моите деца дури и кога работам, што е реткост во денешно време.“

Во интервјуто Мерлин откри и како го поминува летниот одмор.

„Сè уште ја имам Изола во Словенија, па одам во Пељешац на одмор. Ќе одмарам еден месец. Капење, читање книги и пасење мозок“.

Иако во септември ќе го прослави својот 63-ти роденден, неговата неверојатна енергија на сцената остава без здив.

„Го обожавам тоа и секогаш сум во движење, како што велат во Сплит. Постојано работам на нешто, постојано вежбаме. Исто така скијам и пливам и се одржувам во форма, па кога ќе излезам на сцената, се чувствувам како дома.“, рече Дино Мерлин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dino Merlin (@dinomerlin)

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....