08:32 - 5 декември, 2025

Меган Маркл и Хари сами ги испровоцирале и повикале фотографите за „бркотницата“: Ова се новите детали кои откриваат дека војводите сами „си го барале“

Извор близок до војводите од Сасекс тврди дека Меган и Хари сами сакале фотографите да ги снимаат!

Озлогласената бркотница со автомобил што ја доживеаја Меган Маркл и принцот Хари изминатава недела постојано ги менува деталите и се повеќе се открива вистинската приказна што навистина се случило тој ден. Со оглед на сериозноста на обвинувањата од кралската двојка, повеќе фотоагенции решија да одговорат со соопштенија за печатот. Но, извештајот од Пејџ сикс, сугерира дека војводата и војвотката од Сасекс биле тие што сакале да им пристапат на фотографите за да се објават фотографиите во сите весници ширум светот. Потоа, неочекувано работите ескалирале веднаш откако биле направени речиси нарачаните фотографии од „нарачаните“ папараци. Но потоа на толпата се придружиле и други фотографи кои останале без фотографии и навистина подоцна почнале да ги „бркаат“ со автомобилот принцот Хари и Меган Маркл низ улиците на Њујорк.

Извор близок на војводите од Сасекс разговараше со Њујорк Тајмс во петокот за да ја потврди оваа приказна. Ешли Хансен откри дека принцот Хари и Меган Маркл поминале намерно низ мноштвото фотографи за да се качат во нивниот изнајмен автомобил со цел да бидат фотографирани. Поголема група на обезбедување на одреден момент ги блокирала овие фотографи и некои од нив решиле да почнат да ги бркаат. Вкупниот број на фотографи кои ги бркале или со автомобил или со велосипед биле 11. Всушност, станува збор за три автомобили и 8 велосипеди со папараци. Повеќе фотографи веќе разговарале со најразлични медиуми за тоа што се случило, и сите ја раскажале својата приказна. И сите се сложуваат во едно – се претерува кога се зборува за бркотница со автомобили. Зашто не било ни блиску до тоа.

Веќе имаше известување дека принцот Хари снимил еден од фотографите како ги брка. Page Six, исто така, објави дека принцот Хари рекол дека ова било најблиску до чувството што го чувствувала неговата мајка кога загинала во сообраќајната несреќа прогонувана од папараци во 1997 година. Тоа чувство и „лудиот“ сообраќај во Њујорк е веројатно она што го направи принцот Хари прилично нервозен. Сè уште не е јасно дали некој од овие фотографи со контрадикторна приказна за Хари и Меган ќе покрене тужба за клевета. Но, со оглед на тоа што се случи и сите обвинувања, размислувањето за потенцијална тужба птоив Хари и Меган секако е во „игра“. Имаше премногу папараци инволвирани во овој инцидент кои беа обвинети од Сасекс дека им го попречиле возењето назад до нивниот хотел, што не било баш случај.

Слични објави

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо

„Немам дeнар, не сум работела шест месеци“: Пејачката Мина Костиќ се „дави“ во проблеми

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прослави роденденот на својот син: Балони и маскоти насекаде во домот, а таа му пееше

Еспресо

Маја Маринковиќ добила сепса! Се искомплицирало вадењето на силиконите: „Можеше да умре“

Еспресо
Се вчитува....