15.8 C
Скопје
16:58 - 10 март, 2026

Маск: Вака Твитер го прикри случајот со синот на претседателот Бајден, следуваат нови документи од „Датотеките на Твитер“

Три недели по американските претседателски избори во 2020 година, Твитер одиграл значајна улога, прикривајќи ги тајните мејлови на Хантер Бајден, син на демократскиот кандидат Џо Бајден, а операцијата веројатно била извршена на барање на тимот за кампањата на Бајден, што ги натерало проверувачите на содржината на објавите да прекршат некои внатрешни правила. Но, во прашање било влијанието врз изборната кампања. Приказната беше раскажана на Твитер со многу детали од хонорарниот новинар Мет Таиби, соработник на списанието „Ролинг Стоунс“.

Сега, сопственикот на Твитер, американскиот претприемач и милијардер Илон Маск, на својот профил на социјалната мрежа објави линк до публикацијата на новинарот Мет Таиби, во која наведува докази дека Твитер ја крие скандалозната приказна со синот на американскиот претседател Џо Бајден Хантер.

Станува збор за тоа дека во лаптопот на Хантер наводно била пронајдена преписка со шефот на украинската компанија Бурисма Вадим Пожарски, кога Хантер Џуниор сè уште бил член на одборот на директори на компанијата. Во едно од писмата, Пожарски наводно побарал од Хантер Бајден да размисли како може да го искористи сопственото влијание за да ѝ помогне на компанијата.

Маск го цитираше новинарот Таиби, и истакна дека Твитер презел екстремни мерки за да ја скрие приказната.

„Тие дури и блокираа директни пораки, алатка како оваа е резервирана за исклучителни случаи како што е детската порнографија“, напиша Таиби.

Новинарот, исто така, посочи дека Твитер ги исполнил барањата за проверка на содржината на платформата и од изборниот штаб на Џо Бајден и од поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп. Таиби посочи и дека раководството на социјалната мрежа одржува поблиски контакти со демократите отколку со републиканците.

Потоа, Маск ги остави „будни“ своите повеќе од 119 милиони следбеници со најава дека утре (денес) следува епизодата 2 од „Датотеките на Твитер“.

 

 

 

Слични објави

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin
Се вчитува....