3.8 C
Скопје
22:29 - 6 март, 2026

Мартина Навратилова пред здравствено искушение – рак на грлото и на градите: „Ќе се борам со сите сили“

На 66-годишната поранешна тенисерка ѝ бил дијагностициран рак на грлото, но и на дојката, откако првично открила зголемен лимфен јазол на нејзиниот врат во ноември. „Овој двоен удар е сериозен, но сепак може да се победи.“

Мартина Навратилова соопшти дека ѝ се дијагностицирани два вида на рак, на грлото и на дојката. Медицинските прегледи на поранешната тениска шампионка започнале во ноември минатата година кога ѝ бил откриен зголемен лимфен јазол на вратот. За време на прегледите, ѝ бил дијагностициран и тумор на дојката.

Со ракот на дојка, Навратилова веќе еднаш се справуваше, во 2010 година, пред 13 години. Тогаш беше подложена на терапија со зрачење, и успеа да ја надмине болеста. Овојпат, поранешната тенисерка првпат го забележала отечениот лимфен јазол на вратот за време на ноемвриското ВTA финале во Форт Ворт, Тексас. Биопсијата открила рак на грлото во прва фаза. Ракот на дојката подоцна бил дијагностициран и не е поврзан со ракот на грло, според портпаролката на тенисерката која освои 59 грен-слема во кариерата, вклучувајќи 18 во сингл.

„Овој двоен удар е сериозен, но сепак може да се победи“, изјави Навратилова за британски „Тајмс“.

„Се надевам на поволен исход. Ќе биде тешко некое време, но ќе се борам со сè што имам“.

Нејзината портпаролка додаде дека и двата вида на рак се во рана фаза. „Прогнозата е добра и Мартина ќе започне со лекување овој месец. Типот на рак е ХПВ и оваа форма на рак многу добро реагира на терапија“.

Деветкратната победничка на Вимблдон, родена во Чехословачка, но натурализирана Американка, требаше да коментира за Австралија опен кој започнува на 16 јануари, но нема да биде во ТВ студијата во Мелбурн.

Слични објави

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо

Свршеницата на Лука Дончиќ ги избриша фотографиите со кошаркарот, фановите збунети – „Дали е готово?“

E.A.

(Фото) Голема прослава во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: „Твојата насмевка е моја среќа“

Еспресо
Се вчитува....