15:01 - 9 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ искритикува дел од колегите: „Издаваат албуми без вкус и естетика“

Пејачката Марија Шерифовиќ ѝ честиташе на Наташа Беквалац за новите песни и нагласи дека, за разлика од поголемиот дел од нејзините колеги, таа издаде албум што навистина заслужува внимание.

Наташа Беквалац организираше промоција на своите нови песни во еден белградски ресторан. Многу колеги ѝ дадоа поддршка, а албумот „Мама“ особено ѝ се допадна на Марија Шерифовиќ.

Преку социјалните мрежи, Марија ги пофали новите песни на Наташа, но во исто време ги критикуваше и многу од останатите музички колеги.

„Во последно време сите ’издаваат албуми‘ кои се исти, плитки, без вкус и естетика. Ретко кој навистина има што да каже. Албумот ‘Мама’ е сè она што денес ретко го слушаме. Честитки“, напиша Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм профил.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....