10:40 - 10 ноември, 2026

Мајката на Кејт Мидлтон во идентичен фустан каков што носеше војвотката од Кембриџ пред една година

Нејзината ќерка важи за една од најдобро облечените жени во светот, па не е чудно што Керол Мидлтон инспирацијата за појавувањето на Royal Ascot ја побарала од нејзината ќерка, војвотката од Кембриџ.

Мајката на војвотката од Кембриџ, Керол Мидлтон, денеска се појави во друштво на својот сопруг Мајкл Мидлтон на традиционалниот Royal Ascot, од кој годинава отсуствуваше кралицата Елизабета Втора, а не се појави ни самата Кејт Мидлтон. Свесна дека секој нејзин потег ќе биде внимателно следен, Керол Мидлтон внимателно размислувала за својот изглед и стајлинг, па решила да оди на веќе испробана комбинација од нејзината ќерка.

Пастелно розовиот фустан го носи потписот на брендот ME + EM, украсен е со мали набори и копчиња по целата должина и розов ремен на половината, а Керол го искомбинирала со црна необична капа.

Кејт Мидлтон се појави во идентичен фустан на средбата во Единбург со девојчето Мила, чија омилена боја е розовата, пред точно една година. Мила Снедон е девојче које боледува од леукемија, а нејзината приказна особено ја трогна Кејт Мидлтон, па за средбата со неа Кејт облече фустан во омилената боја на девојчето.

Нијансата на фустанот што потсетува на бојата на слатки розови бонбони беше полн погодок, а стајлингот на Кејт измами насмевка на лицето на девојчето.

Засега не е познато дали Керол Мидлтон посегнала во плакарот на нејзината ќерка или толку многу ѝ се допадна фустанот што сакала да го има и во нејзиниот плакар.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....