0.8 C
Скопје
03:52 - 10 март, 2026

Мадона: Сфатив колку сум среќна што сум жива

Мадона им се заблагодари на семејството и на пријателите за поддршката откога минатиот месец беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција.

Поп-кралицата (64) се огласи на социјалните мрежи за да каже дека дека има среќа што е жива.

Претходно овој месец, откри дека е на пат кон целосно закрепнување по поминати неколку дена на интензивна нега.

Таа требаше да почне седуммесечна светска турнеја, но мораше да ја одложи.

„Љубовта кон семејството и пријателите е најдобриот лек“, напиша таа на „Инстаграм“ во неделата додавајќи дека грижата на своите деца е она што ѝ било важно.

„Како мајки, многу често сте преокупирани со потребите на вашите деца и навидум бескрајното давање. Но, кога работите беа лоши, моите деца беа тука за мене“.

„Видов нивна страна што никогаш порано не сум ја видела“.

Објавата вклучува фотографија на која го гушка синот Дејвид и друга на која позира покрај ќерка си Лурд.

Мадона продолжи да им се заблагодарува на своите пријатели за нивната љубов и поддршка.

„Им благодарам на сите мои ангели што ме штитеа и ми овозможија да останам и да си ја завршам својата работа“.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....