Додека поп-ѕвездите се мачат на црногорскиот брег да не им ги откажат настапите поради недостаток на туристи и хитови оваа година, Ѓоле и Весна Ѓогани уживаат за сите пари!
Оваа година тие престојуваат во најскапиот хотел во Црна Гора, каде што ќе поминат два полни месеци. За ова, според извор близок до семејството, издвоиле над 35.000 евра. Но, тоа не е сè. Исто така, постојат и дополнителни трошоци што семејството Ѓогани ги плаќа, како што е сместувањето за нивните миленици, пишува српски „Курир“
– Тие имаат куче и две мачки кои сите во семејството ги обожаваат и им обрнуваат многу внимание. Кога се во Белград, Весна редовно го носи кучето на шишање и бањање, таа се грижи и за мачките, како да се нејзини деца, нема разлика. Затоа ги однеле со себе во Црна Гора на одмор, а хотелот каде што престојуваат со години има посебен дел каде што престојуваат милениците. Секако, чини сè, но за Ѓоле, парите не се проблем кога станува збор за задоволство. Сместувањето за една мачка чини 30 евра на ден, за куче 40. Ова значи дека тие плаќаат вкупно 100 евра на ден само за домашни миленици – рекол соговорникот.
Тој издвоил многу поголема сума за сместување на семејството Ѓофани. Како што кажува изворот, оваа година сумата е многу поголема бидејќи неговиот син Адријано исто така летува со своите пријатели во Херцег Нови.
– Како што слушнав, цената за двомесечно ноќевање за четворицата, Ѓоле, Весна и нивните две деца, е 35.000 евра. Но, тоа не е аранжман „сè вклучено“ бидејќи тие плаќаат дополнително за храна и пијалоци во хотелот. Тие не сакале да ја платат целата сума бидејќи често ручаат или вечераат некаде покрај хотелот. Нивниот син Адријано престојува кај нив, а и тој бил на одмор со своите пријатели во Херцег Нови, па Ѓоле сигурно морал да плати дополнително и за тоа. Интересно е што ова лето не закажаа толку многу настапи како порано, кога патуваа и работеа секој викенд. Имаат само неколку тезги бидејќи сакаат да уживаат максимално, дури нема ни да даваат интервјуа ниту да се појавуваат во медиумите додека се на одмор – открил изворот.
Соговорникот на „Курир“, кој инаку е близок до семејството Ѓогани, додава дека ги очекуваат дополнителни трошоци од есен бидејќи планираат да купат два имота во регионот.
