11.8 C
Скопје
21:02 - 13 март, 2026

Лепа Брена за бременоста на Александра Пријовиќ: Интуицијата ми вели дека ќе имаме девојче во семејството

Лепа Брена во новото интервју, меѓу другото, проговори и за среќната вест дека Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ чекаат дете. Младата пејачка по успешната кариера планира да се посвети на семејството.

“Боба и јас бевме во Пукет кога ја добивме веста. Морам да признаам дека очекував бидејќи тоа е некако логично и нормално. Нема ништо на овој свет што може да нѐ направи посреќни од тоа да чекаме уште еден додаток во нашето семејство. Секогаш велам дека главно се раѓаат момчиња тука, но женската интуиција ми кажува дека постои можност да имаме едно слатко девојче”, изјавила Брена.

Таа додаде дека имаат многу причини за радост бидејќи ова е навистина најголема среќа и благослов за нив. Таа изјавила и дека отсекогаш мислела дека ќе биде „буцка“ баба која ќе носи многу широки фустани и ќе изгледа како „вистинска“ баба, но дека тоа воопшто не е така.

“Како што одминува времето, не можам да станам „буцкаста“ бидејќи има уште многу работа. Се надевам дека ќе имам многу внуци и дека ќе ја имам привилегијата да правам колачи и малку да се забавувам. Морам да признаам дека фантазирам за готвење затоа што воопшто не сум добра готвачка”, додала таа.

За потсетување, српските медиуми минатиот месец објавија дека Пријовиќ е бремена, што таа набрзо потврди. Таа претходно изјави дека нејзиниот сон е да има ќерка. Таа и Филип Живојиновиќ во 2019 година го добија синот Александар.

Слични објави

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.

Последна информација за состојбата на Зорица Брунцлик: Откриени најновите вести по операцијата 

Е.А.

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Еспресо

Ѓани е итно опериран, вградени му се пет стентови: „Резултатите не беа добри“

Еспресо

Пукна љубовта меѓу светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис и атрактивната португалска глумица

Еспресо

„Ставете му микрофон со него“: Дарко Лазиќ со скршено срце го испрати братот Драган на вечниот починок

Еспресо
Се вчитува....