10:11 - 14 ноември, 2026

(Видео) Песна на Ана Бекута ечеше во Лос Анџелес: „Од денес навивам за Дончиќ и Лејкерс“

Социјалните мрежи се „запалија“ откако се појави видео од тренингот на Лука Дончиќ, кој неодамна се пресели да игра за ЛА Лејкерс.

Лука за својот прв натпревар со Лејкерси се подготви со големиот хит на српската пејачка Ана Бекута, песната „Имам један живот“, што навестува дека ова е омилената песна на успешниот кошаркар.

@espn The Lakers playing European music ahead of Luka’s debut 😂🔥 (via mcten/X) #luka #lakers ♬ original sound – ESPN

Имено, додека песната свиреше на разглас, Лука тренираше, ја шутираше топката во кошот и се загреваше во опуштена атмосфера. За тоа време фоторепортерите го фотографираа и правеа снимки.

Пејачката се огласи во оваа прилика, не криејќи колку е горда.

„Вечерва ја добив оваа снимка која ми ги стопли душата и срцето. Ниту еден мој настап не може да помине без песната „Имам један живот“, изгледа оваа песна ќе стане задолжителен дел од кошаркарските игри“, рече Ана и додаде:

„Благодарна сум на сите што се радуваат и тагуваат со оваа песна, особено на Перица Здравковиќ и Жана, кои ми ја напишаа пред 32 години, аранжман на Д. Стојковиќ Босанац. Од денес навивам за Лука и Лејкерси! Ви посакувам многу успех. Небото е граница“, изјави таа за домашните медиуми.

Слични објави

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо
Се вчитува....