09:36 - 2 април, 2026

Лејди Гага позира како киборг, ама гола: Фановите се прашуваат дали е ова најдобрата насловна страница на деценијата? (ФОТО)

Дали е рано да се прогласи насловна страна на деценијата? Фановите се опседнати со насловната страница на магазинот „Paper“, на која позира Лејди Гага.

Гага отсекогаш била позната како некоја која ги поместува границите кога во прашање е модата и естетиката, но овој пат се надмина себе си.

Таа пред два дена во среде криза поради коронавирусот исфрли нешто ново, а нејзините фанови го карактеризираат како уметничко дело во современата ера.

Лејди Гага на фотографијата позира скроз гола, додека на нејзиното тело се залепени разни кабли и црева, а таа е пола човек, пола машина односно киборг.

Киборг е кибернетички организам кој се состои од механички и природни делови, или организам кој има подобрување поради денешната технологија.

Фотографиите се направени во соработка со белгискиот уметник Фредерик Хејман кој го скенираше телото на Гага во 3D формат, а потоа и компјутерски ја додал позадината.

Овој ефект изгледа сјајно, особено на големите екрани.

Слични објави

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....