18:19 - 31 јануари, 2026

Критики и најдобри моменти од првото полуфинале на Евровизија: „Сетот за Рафаела Кара прекраток“, „Паузини не кажа ни збор на италијански“…

Евровизија 2022 започна одлично. Првото полуфинале донесе брзо темпо и неколку парчиња кои веќе ги потпевнуваме.

Шоуто на ПалаОлимпико во Торино започна на возбудлив начин, со почит кон Лучијано Павароти и со спектакуларни кореографии. Тројцата водители одлично владееја со сцената. Иако, Лаура Паузини, малку е денес на критика на дел од италијанската јавност кои сметаат дека требала да зборува на сцената малку барем и на италијански јазик.

Меѓу другите незаборавни моменти беше и оддадената почит на Рафаела Кара, ѕвездата која неодамна почина, која, сепак, според некои коментари на социјалните мрежи, била пртставена во прекратка точка од само три минути.

Настап на Диодато предизвика воодушевување, кој ја отпее „Make noise“ пред евровизиската публика. Пената со која победи на фестивалот Санремо во 2020 и со која требаше да се претстави на Евровизија, но потоа, како што знаеме, беше откажано поради пандемијата.

Иако се појавија сосема кратко на сцената, вниманието го украдоа претставниците на Италија – Махмуд и Бланко со песната „Бривиди“, кои веќе имаат право на финале (со директен влез), со оглед на тоа што Италија е дел од големата петорка, земјите кои најмногу ја поддржуваат Евровизија, заедно со Франција, Шпанија, Германија и Обединетото Кралство. Доволно ја вжештија сцената за едвај да ги чекаме на бината во сабота на 14 мај.

Помеѓу 10-те земји кои вчеравечер се пласираа во финалето е и Украина, милениците на публиката, со оркестарот Калуш кој не ги разочара очекувањата и понуди моќен и многу емотивен настап.

Молдавија, исто така, ја освои публиката и си обезбеди место во финалето, со интересниот фолк-панк на браќата Здоб и Здуб и Адвахов, како и Португалија, со меланхоличната и евокативна „Saudade, saudade“ од Маро. Незаборавно е и оригиналното кантри трио Исландски Систур, холандскиот поп на S10 и маскираните Норвежани Сабвулфер. Покрај нив поминаа во финале и претставници на Швајцарија, Ерменија, Литванија и Грција.

Меѓу изведувачите кои за жал не успеаја да се квалификуваат во финалето се „хрватската Тејлор Свифт“ Миа Димшиќ и Реди, целосно женска данска поп-рок група.

 

Слични објави

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova
Се вчитува....