7.8 C
Скопје
19:54 - 1 април, 2026

Кралот Чарлс III сака да ги лиши принцовите Хари и Ендру од статусот на негови заменици

Кралот Чарлс III планира да ги лиши принцот Хари и принцот Ендру од статусот на негови официјални заменици во случај на болест. 

Според „Пејџ сикс“, новиот крал на Велика Британија планира да го измени законот за тоа кој може да го замени во случај на негово отсуство од земјата или болест.

„Како резултат на тоа, војводата од Јорк и војводата од Сасекс ќе бидат ослободени од нивните должности како официјални заменици во случај на негова болест, бидејќи тие не се сегашни членови на кралското семејство“, вели изворот за „Пејџ сикс“.

Се претпоставува дека Чарлс III има намера да направи промена на законот веднаш „штом може“, и може да ги назначи својата сестра, принцезата Ана и помладиот брат, принцот Едвард, на овие позиции.

Според Законот од 1937 година, брачниот другар на монархот и четворица негови полнолетни наследници може да се нарекуваат државни советници за службена работа. Додека кралицата Елизабета Втора беше жива, овие улоги ги имаа Чарлс, принцот Вилијам, принцот Хари и принцот Ендру.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо
Се вчитува....