13:44 - 2 април, 2026

Коронавирусот го исчисти воздухот во Кина: НАСА објави фотографии што го докажуваат тоа

Сателитските снимки покажуваат драстичен пад на нивото на загаденоста над Кина, кое е барем делумно предизвикано со намалувањето на активностите поради коронавирусот, објави американската вселенска агенција НАСА.

Мапите на НАСА покажуваат колку нивото на азот диоксидот (NO2) е помало оваа година во споредба со истиот период лани.

 

NASA

Намалувањето на загадувањето се поклопува со рекордното намалување на активностите на фабриките во Кина бидејќи производителите ги забранија активностите за да се спречи ширењето на вирусот.

Научниците на НАСА велат дека намалувањето на нивото на азот диоксид што го предизвикуваат моторните возила и фабриките, прво е забележено во Вухан, а потоа се проширило и во остатокот од земјата.

НАСА забележува дека намалувањето на загаденоста на воздухот коинцидира со рестрикциите воведени за транспорт и затворањето на погоните, бидејќи повеќе милиони луѓе се испратени во карантин.

NASA

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....