6.8 C
Скопје
02:23 - 31 март, 2026

КОНСТРАКТА открива што мисли за гласањето на НЕДА УКРАДЕН, дали има здравствена книшка, зошто Меган Маркл е во нејзината песна…

Меган Маркл е само инспирација, а не суштината во неа како личност и како јавна личност. Тоа е одраз на медиумски написи кои се бават и ја користат здравје, но така што, според мое мислење, создаваат една голема бесмислена дамка, која подоцна добива свои продолженија и „торзии“, вака српската претставничка на Евровизија 2022 објаснува од каде баш Меган Маркл и тоа два пати се нашла во нејзината песна.

Во разговор за „Слободна Далмација“, популарната пејачка открива и што мисли за тоа што Неда Украден на финалната вечер не ѝ дала ниеден поен.

– Како нешто што е нормално и што не треба да биде тема. Секој има право да ги оцени и да ги одбере своите нумери. Во финалето се 18 композиции, а вие како член на жирито можете да дадете поени само на 10. Ќе се согласите дека тоа не е лесна работа.

Што се однесува до пораката која ја испраќа песната „Ин корпоре сано“, таа одговара – „Не постои главна порака, сите пораки се важни, а песната е повеќеслојна. А одговор нема. Само нови прашања. И уште повеќе нови прашања. И сето тоа во рамката на односот кон здравјето, нашето и системското“.

А, колку долго нема здравствена книшка?

– Тоа што јас моментно немам здравствена книшка, тоа е случај. Книшката е всушност метафора. Важно е тоа чувство на незаштитеност.

За очекувањата за пласман на Евровизија во Торино, вели „сакаме да направиме се за ние да бидеме задоволни, да ја донесеме песната и да ја пренесеме пораката онака како што мислиме дека е најдобро. Останатото не зависи од нас. Секако дека прво би сакале да влеземе во финалето, а на жирито и публиката е тоа да не награди или не. Се надевам дека ќе се разбереме, зашто ова е универзална порака која се однесува на сите нас“, одговара Констракта во разговорот за Слободна Далмација.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....