5.8 C
Скопје
06:53 - 1 април, 2026

Кому Чарли Вотс го оставил богатството од 35 милиони евра?

Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс, оставил огромно богатство зад сене.

Богатсвото на Чарли Вотс што го оставил зад себе по смртта се проценува на 30 милиони фунти (35 милиони евра), а го оставил на своето семејство. Легендарниот тапанар почина во август 2021 година на 80-годишна возраст и остави 29,6 милиони фунти на својата сопруга Ширли и нивната ќерка Серафина. Според Сан, во вкупниот износ не е вклучена вредноста на имотот на Чарли во Франција, за кој се смета дека вреди неколку милиони.

Најголемиот дел од богатството на музичарот ќе оди на сметката на неговата сопруга Ширли, без неговите автомобили, кои ќе одат кај примателите кои никогаш нема да бидат објавени во јавноста.

Кога ќе умре Ширли, богатството ќе биде предадено на ќерката Серафина, сестрата на Чарли Линда Рутс, нејзините снаи Џеки Фенвик и Џил Миндер и шурата Стивен Шеферд.

Чарли требаше да оди на турнеја во САД со бендот минатата година како дел од нивната турнеја „No Filter“. Но, беше најавено дека нема да се појави бидејќи требаше да се опорави од неодамнешната итна операција.

Тој е првиот долгогодишен член на Ролинг Стоунс кој починал од болест поврзана со возраста. Основачот и водач на Стоунс, Џонс, почина во 1969 година од случајно давење, набргу откако беше исклучен од бендот. Мик Џегер призна дека му е „многу катарзично“ да се врати на сцената по смртта на неговиот пријател и колега од бендот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....