3.8 C
Скопје
20:22 - 20 декември, 2024

Колумна на Даниела Антоновска: Родовата еднаквост и оданочувањето

Розовиот данок не е данок, туку систем на родова економска дискриминација во цените за производите и услугите што се заснова на пол.

Подолго време родовата еднаквост и оданочувањето се клучни теми во дебатите за развојните политики за јавни финансии, како и во дебатите за одговорноста на власта кон граѓаните. Со цел да се промовира одржлив економски раст и намалување на сиромаштијата, мора да се направат интервенции во даночните политики и истите не треба да бидат родово слепи или родово неутрални. Даночните системи на развиените и земјите во развој ги вклучуваат истите основни даночни категории: директни и индиректни даноци. Најчест директен данок е персоналниот данок на доход, a најчест индиректен данок е данокот на додадена вредност (ДДВ). Индиректните даноци или даноци на потрошувачка како што е ДДВ-то може да предизвика родова пристрасност поради различните модели на потрошувачка на жените. Од една страна жените на глобално ниво остварувааат помалку приходи, а од друга страна трошат поголем дел од приходите за стоки за широка потрошувачка. Жените во земјите во развој имаат тенденција да купуваат повеќе стоки и услуги кои го поттикнуваат здравјето, образованието и исхраната во споредба со мажите. Ова создава потенцијал жените да поднесат поголем товар на ДДВ доколку системот за ДДВ не предвидува ослободувања, намалени стапки или нулта стапка. Даноците на потрошувачка се генерално регресивни, бидејќи сиромашните трошат повеќе од својот приход на потрошувачка отколку богатите. Истите може да се направат помалку регресивни преку даночни ослободувања или пониски стапки. Даночната политика мора да има редистрибутивен ефект со цел изедначување на богатството меѓу жените и мажите. Истражувањето ,, Даночната политика и родовата еднаквост” од страна на Организацијата за економска соработка и развој спроведено во 43 земји укажува на тоа дека 22 земји од 43, имаат спроведено конкретни даночни реформи за подобрување на родовата еднаквост. Овие реформи се имплементирани во системот за персонален данок на доход преку промени во стапката за оданочување, но неколку земји имаат воведено и нулта стапка или намалени стапки на индиректниот данок односно ДДВ –то за санитарни производи со цел подобрување на родовиот импакт на даночниот систем.

За продукти за лична грижа, нега и хигиена одредени студии во САД говорат дека жените плаќаат 13% повеќе за овие производи од мажите, а за облека и додатоци за облека плаќаат 7-8% повеќе од мажите.

Феномен „розов данок“

Кога станува збор за продукти за лична грижа, нега и хигиена одредени студии во САД говорат дека жените плаќаат 13% повеќе за овие производи од мажите. За облека и додатоци за облека плаќаат 7-8% повеќе од мажите. Во Њујорк жените плаќаат во просек 10% повеќе на месечно ниво од мажите за овие продукти. Феноменот на ,,розов данок ” кој се однесува на тенденцијата производите поврзани со лична нега, хигиена и услуги како шишање и хемиско чистење да имаат повисока цена од идентичните услуги и производи за мажите исто така има удел во оданочувањето. Розовиот данок не е данок, туку систем на родова економска дискриминација во цените за производите и услугите што се заснова на пол. Во САД ја чини просечната жена над 1.300 долари годишно и влијае на сите аспекти од секојдневниот живот. Во 2021 година конгресменката, Џеки Спејер, го предложи по четврти пат нацрт Законот за укинување на ,,розовите даноци” со цел да се стави крај на родовата дискриминација во цените на стоките и услугите. Законот ако се усвои ќе ја забрани продажбата на слични стоки или услуги за кои цените се различни, а се засноваат на пол. Во моментов предлог-законот е пред Поткомитетот за заштита на потрошувачите и трговија. Постои општа согласност дека намалувањето и израмнување на даночните стапки на лични и корпоративни приходи може да има негативни ефекти по оданочување врз жените. Ова се случува кога оние со највисоки приходи – корпорации и лица – плаќаат пропорционално пониски даноци од оние со најниски примања. А, жените имаат тенденција да имаат помалку и пониски приходи од мажите. Најчесто прифатената идеја за правичност во оданочувањето е дека даноците треба да бидат прогресивни – оние со помали примања треба да сносат помал дел од даночното оптоварување од оние со повеќе примања. Во однос на директното оданочување, елиминирање на даночните ослободувања во корпоративниот и персоналниот данок на доход исто така може да ја поттикнат родовата еднаквост. Даночното затајување и даночното избегнување го намалуваат капацитетот на државите да го прераспределат богатството. Санкционирање на овие незаконски постапки се од клучно значење за правата на жените и јавните инвестиции во социјална инфраструктура и економијата на грижа.

Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација против жените (CEDAW) содржи збир на принципи кои се релевантни за родовата еднаквост во даночната политика. Иако Конвенцијата не содржи експлицитно повикување на оданочување, членовите 1, 2, 5, 13, 15 и 16 содржат принципи на суштинска еднаквост што можат да се применат на даночната политика, вклучително и дека брачниот статус не е прифатлива основа за какви било разлики, исклучувања или ограничувања кои ја нарушуваат еднаквоста на жените со мажите, што е особено важно за правилата за персонален данок на доход. Овие членови имплицираат дека жените мора да бидат третирани подеднакво со мажите во даночното право и даночните реформи треба бидат усогласени со Конвенцијата во земјите што ја ратификувале.

Резолуција за данок и род

На европско ниво уште еден документ ја регулира родовата еднаквост и оданочувањето, а тоа е Резолуцијата за данок и род усвоена од страна на Европскиот парламент која ја препознава важноста на праведното оданочување и ги повикува државите да обезбедат даночни системи кои ќе ја заштитат и промовираат родовата еднаквост. Резолуцијата повикува на индивидуално оданочување имајќи предвид дека даночните политики имаат различни влијанија врз различни типови на домаќинства и дека домаќинствата не ги делат секогаш подеднакво своите средства. Се препорачува индивидуалното оданочување како инструмент за постигнување на праведно оданочување за жените. Европскиот парламент ги повикува владите да се погрижат даночните стимулации поврзани со вработувањето и самовработувањето да не прават дискриминација врз основа на пол и род , и да размислат за даночни стимулации и фискални бенефиции за самохраните родители. Персоналниот данок на доход мора да биде дизајниран за да промовира еднакво споделување на платената и неплатената работа, приходот и правата од пензија меѓу жените и мажите и да ги елиминира стимулациите што ги поттикнуваат нееднаквите родови улоги. Во однос на корпоративното оданочување, повикува да се рационализираат даночните олеснувања што владите им ги даваат на корпорациите и од истите да имаат корист и малите претпријатија. Со цел намалување на пречките за вработување на жените потребно е да подобри достапноста на висококвалитетни услуги за згрижување деца преку даночни стимулации и да има подеднаква распределба на неплатената работа во домаќинствата со што ќе се минимизираат родовите разлики во платите и пензиите.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....