17:48 - 2 април, 2026

КОЈА Е ВРСКАТА НА ОРНЕЛА МУТИ И ПУТИН: Не толку познати факти за италијанската глумица

Легендарната италијанска глумица Орнела Мути неодамна го прослави својот 67 роденден. Дека нејзините години не ѝ можат ништо и дека убавината и харизмата и се вечни докажа во февруари на фестивалот Санремо, кадешто се појави во улога на водителка. На фестивалот сите присутни ги маѓепса со својот изглед.

Актерката изгледа фантастично, лицето и е без брчки, а како што самата откри, тајната на нејзиниот совршен изглед е во исхраната која се базира претежно на овошје и зеленчук, со малку сол и без јагленохидрати.

Италијанката истакнува и дека е физички активна, а јогата и е неизбежен дел од денот. Често вели дека нејзините деца кога биле мали велеле: „Мама постојано е на диета“.

Орнела Мути со ќерката Наике, која од која позгодна? фото-Инстаграм

Малкумина знаат дека шармантната актерка има руски корени.

Но и уште нешто – некои го оправдаа скандалот, а некои не можат да ѝ простат, кој се случи во 2015 година, кога за да излезе на вечера со Владимир Путин таа „излажала“ дека е болна за да не мора да ја одигра закажаната претстава. Имено, Орнела наместо да се појави на претставата за хонорар од 25.000 евра решила да оди во Санкт Петербург на донаторска вечера организирана од Путин.

По овој скандал, Орнела доби условна казна од театарот во Трст и мораше да го обештети, односно да го врати хонорарот.

Нодамна пак, славната италијанска глумица поднела и барање за руско државјанство.

Орнела Мути зад себе има два брака и три деца. Ќерката ја родила многу млада и никогаш не открила кој ѝ е татко.

Слични објави

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо
Се вчитува....