8.8 C
Скопје
15:19 - 21 февруари, 2025

(Фото) Која е Сандра Бергман, партнерката на Роберто Кавали со која доби дете: 45 години помлада од него, ѝ купил остров на подарок, била поранешна зајчица на Плејбој…

Роберто Кавали повторно стана татко на 82 години (поточно по шести пат). Синот, кој го доби со неговата партнерка Сандра Нилсон, позната и како Бергман, со која споделува љубовна приказна повеќе од петнаесет години, се вика Џорџо. Синчето е крстено по таткото на Роберто, кој загинал во Втората светска војна, кога идниот дизајнер бил дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bergman (@nilsson_sandra_)

„Дете родено од љубов“, коментираше неговиот пријател и новинар Роберто Алеси на својот Инстаграм профил, споделувајќи снимка од парот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roberto Alessi (@alessi.giornalista)

Приказната за таткото на Кавали ја раскажа самиот дизајнер: „Тој беше геодет, работеше во рудник во Валдарно. Имав две години. Не зборував до 18 годишна возраст за неговата смрт. Но, животот беше дарежлив со мене, ме награди за се“.

Малиот Џорџо беше роден пред околу една недела. Сепак, не недостигаа критики и коментари од различни корисници на објавата на Алеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bergman (@nilsson_sandra_)

Која е Сандра, партнерката на Роберто Кавали

Сандра е партнерка на Роберто Кавали и е поранешна шведска манекенка, која  беше прогласена за најубава жена во Шведска во 2006 година.

Откако го направи своето деби како модел, таа доби официјален договор на 16 годишна возраст со позната француска модна агенција. Во текот на нејзината кариера има собрано неколку титули, како што е Мис Салмин, Мис УЕ или Мис бикини на Мис на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bergman (@nilsson_sandra_)

Иако нејзиното родено презиме е Нилсон, таа е позната како Сандра Бергман. Поранешна зајачица на Плејбој ја откри Кит Хефнер, помладиот брат на Хју. Поранешната манекенка знае да зборува три јазици (шведски, англиски и дански), а во 2015 година од Роберто Кавали на подарок доби остров по цена од 2,2 милиони фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bergman (@nilsson_sandra_)

Љубовна приказна надвор од сите рамки 

Тој е роден во 1940 година, таа е родена во 1985 година: сепак, двојката отсекогаш била многу блиска и се повеќе од петнаесет години во складна врска.

instagram

И покрај 45 години разлика, љубовта отсекогаш ги победувала критиките и тие можеле да изградат цврста и стабилна врска, толку многу што решиле да добијат заедно и дете. Гестовите на наклонетост никогаш не изостанаа: кога Кавали беше хоспитализиран во 2019 година, Сандра беше покрај него во секое време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bergman (@nilsson_sandra_)

Роберто Кавали, по раѓањето на Џорџо, е татко на шест деца. Томазо и Кристијана се родени од неговиот прв брак со Силванела Џанони (1964 година), додека Роберт, Рејчел и Даниеле се родени од неговиот втор брак со Ева Марија Дирингер, со која се ожени во 1980 година.

Слични објави

(Фото) На Теодора Џехверовиќ ѝ коментараа дека се здебелила, па таа возврати: „За тебе сум најдобра!“

apostolova

Дедото на Вељко Ражнатовиќ му одржа лекција на зетот: Му ја даде раката на својата најмлада ќерка, па му покажа со кого си има работа

apostolova

(Фото) Ниту мајка ѝ не би ја препознала без шминка! Вака изгледа Мелина во теретана! 

Еспресо

(Фото) Ова е идната снаа на Харис Џиновиќ и Мелина: Исплива фотографија од Кан и неговата атрактивна девојка

Еспресо

(Фото) Лазар Ристовски и 39 години помладата Аница ги покажаа телата во костими за капење држејќи се за раце

Еспресо

„Го издржувам, некои велат дека е со мене за пари“: Верица Ракочевиќ откри сѐ за приходите на нејзиниот 35 години помлад сопруг

Еспресо
Се вчитува....