5.8 C
Скопје
01:44 - 25 март, 2026

Која е Наташа Басет, 23-годишната нова девојка на Илон Маск со која ужива во Сент Тропе

Илон Маск е фотографиран во друштво на неговата 23-годишна нова девојка, австралиската актерка Наташа Басет, како уживаат на ручек во Сент Тропе.

Парот бил забележан како вечера во хотелот „Шевал Блан“, каде што преноќување чини повеќе од 1.300 долари за ноќ. Маск и Басет се видени како заедно пијат вино, јадат помфрит и смирено разговараат додека келнерите „летаат“ околу нив.

Фотографиите ги објави Дејли Мејл, но ова не е првпат Маск да биде виден во друштво на актерката.

Тие првпат беа забележани заедно во февруари, додека се симнуваа од неговиот приватен авион во Лос Анџелес, само два месеци откако Маск и Грајмс го дочекаа своето второ дете преку сурогат мајка.

Која е Наташа Басет?

Басет пораснала во Сиднеј, а во 2019 година се преселила во Њујорк за да посетува драмско училиште. Добила неколку улоги во телевизиски серии како Hail! Caesar и го отелотвори ликот на пејачката Бритни Спирс во филмот Britney Ever After.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasha Bassett (@natashabassett)

Со глума се занимава од 14-годишна возраст, кога ја доби главната улога во претставата Ромео и Јулија. Актерката ќе може да ја гледаме и во претстојниот биографски филм за Елвис Присли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasha Bassett (@natashabassett)

„Наташа работи напорно за да ја изгради својата кариера и иако нему не му пречи да се знае за нивната врска, ја поддржува нејзината желба да биде позната по својата работа, а не како девојката на Илон Маск“, велат пријателите.

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....