18.8 C
Скопје
17:08 - 13 март, 2026

Кој би се надевал на ова? Јелена Ѓоковиќ проговори за сверквата Дијана и ја откри нејзината улога во воспитувањето на децата

Односот помеѓу Јелена и Дијана Ѓоковиќ е јавна тема со години, а додека многумина веруваа дека свекрвата и снаата не можат да најдат заеднички јазик, тие речиси секогаш наоѓаа начин да ги демантираат.

Иако Дијана не криеше дека своите деца не ги воспитувала како Новак и Јелена, никогаш директно не се мешала во воспитувањето на нивните деца Стефан и Тара, почитувајќи ги нивните одлуки.

– Многу сум среќна што ги имам внуците, Стефан и Тара. Ние можеби не поминуваме заедно онолку време колку што би сакале, но мене секој момент со нив ми значи многу и некако ме враќа во детството, бидејќи во времето кога моите деца беа мали можеби немав доволно време да си играм со нив. Јас не сум тука да ги воспитувам, тоа ќе го прават мајка им и татко им, јас сум тука да уживам со нив, понекогаш да прекршам некои правила околу тоа што не им е дозволено, но во тоа и е убавината – изјавила Дијана своевремено.

Сега и Јелена открила и дека Дијана и Срѓан (мајката и таткото на Новак Ѓоковиќ) играат значајна улога во воспитувањето на нејзините деца, исто како и нејзините родители:

– Има многу луѓе од кои учев, вклучувајќи ги и моите и родителите на Новак и нивните искуства. Отворена сум за учење и тоа многу ми помага во текот на денот со децата. Иако нашите деца најмногу ме научија за животот. Толку многу мудрост и едноставност се кријат во тие нивни пораки и самиот однос што се развива меѓу нас. Многу сум благодарна за привилегијата да бидам нивен родител – рекла Јелена во интервјуто за „Жена.рс“.

 

Слични објави

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova
Се вчитува....