8.8 C
Скопје
11:14 - 1 април, 2026

КОЈ БЕШЕ ПАТРИК ДЕМАРШЕЛИЕ, легендарниот фотограф пред кој позираа најголемите

Светот на модата денес жали за смртта на Патрик Демаршелие, познатиот моден фотограф: почина на 78 години.

Почина Патрик Демаршелие, легендарниот моден фотограф кој ги направи најубавите портрети на Лејди Дијана, еден од најпознатите модни фотографи и официјален портретист на кралското семејство. Пред неговиот објектив позираа Лејди Дијана, Мадона и најпознатите супермодели, од Клаудија Шифер до Наоми Кембел.

Самоук, неговата големина беше во елеганцијата на неговите фотографии, способни да ги балансираат леснотијата, спонтаноста и гламурот на високата мода.

Тој беше првиот не-британски фотограф кој работеше за кралското семејство и потпиша незаборавни портрети на Лејди Ди.

Патрик Демаршелие почина на 78 години: неговата смрт беше објавена во белешка од семејството. Фотографот зад себе ја остави сопругата Миа, три деца и три внуци.

Дермашелие ја промени историјата на модната фотографија

Роден во Ле Авр, Франција, Демаршелие сам ги научил основите на фотографијата, експериментирајќи со првиот Кодак што го добил како подарок кога бил само тинејџер.

Пресвртот дошол кога имал само дваесет години, во Париз, благодарение на фотографот Ханс Фаурер кој го запознал преку соработката со списанието „Вог“. Во седумдесеттите години активно соработуваше со Вог Америка, потпишувајќи ја својата прва насловна страница во 1977 година. Тој ја сметаше легендарната уредничка Грејс Кодингтон за свој водач низ животот, и за неколку години стана едно од водечките имиња во светот на модата.

Не постои модел или ѕвезда што не позирала за него: ја прикажа Наоми Кембел насмеана нурната во морските бранови, Линда Евангелиста со цигара меѓу прстите, Кејт Мос, Џенет Џексон со градите покриени со две раце, Мадона… Незаборавна е неговата насловна страница на Vogue со супермоделите од 90-те години облечени во бело за 100-годишнината на списанието.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....