13:48 - 7 април, 2026

КОИ СЕ НОВОСТИТЕ НА ОСКАРИТЕ: Оскарите ќе бидат многу позабавни, еве зашто!

Во недела навечер, во Лос Анџелес ќе се одржи 94-та свеченост на доделување „Оскари“,  а кај нас ќе може да го следиме на Македонската телевизија. Но кои се новостите на ова 94. издание? 

За првпат во историјата Оскарите ќе ги водат три жени, глумици– Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс.

За прв пат е воведена наградата од публиката посветена на најпопуларниот филм. Почнувајќи од 94-тото издание на Оскарите, ќе биде награден и филмот со најмногу гласови од фановите, кои ги изразија своите мислења на Твитер.

Мерил Џонсон, потпретседател за дигитален маркетинг на Академијата, објасни дека ова е иницијатива дизајнирана повеќе да ги вклучи гледачите и дека ќе се повтори и во следните години.

Добитникот на наградата од публиката ќе биде откриен подоцна во вечерните часови, а ќе биде официјално признат од Академијата. Но, на победникот статуетка нема да му биде доделена.

Гласањето веќе заврши (на 3 март) а триумфот ќе го понесе еден од 10 наслови кои беа најмногу гласани на Твитер, меѓу кои се Дина, Моќта на кучето, Спајдермен, The Suicide Squad, Tick, Tick, Boom!, Army of the Dead, Минемата. 

Понатаму, организацијата на 94-тото издание на церемонијата одлучи да го елиминира доделувањето на 8 категории во живо: најдобар документарен краток филм, најдобра монтажа, најдобра шминка и фризура, најдобра сценографија, најдобар анимиран краток филм, најдобар краток филм, најдобар звук. За овие осум категории наградите ќе се доделуваат надвор од свеченоста, во чии рамки ќе бидат прикажани клиповите од доделувањето на наградата со благодарници на победниците.

Претседателот на Академијата Дејвид Рубин во писмо објасни дека со новата организација ќе има повеќе време за комични моменти, филмски клипови и музички изведби, односно дека свеченоста ќе биде многу позабавна.

Слични објави

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.
Се вчитува....