9.8 C
Скопје
12:40 - 31 март, 2026

Клои Кардашијан реши да ја каже вистината за синот што го доби со своето поранешно момче Тристан

Ѕвездата на реалните шоуа, Клои Кардашијан неодамна го доби синот Тео со поранешното момче и кошаркар Тристан Томпсон.

Синот на Клои и Тристан го роди сурогат мајка, а веста за втората бременост излезе во јавноста во јули оваа година, по што Клои беше цел на потсмев и остри критики на интернет. Сега таа реши искрено да проговори за се за магазинот Elle.

– Да можеш малите луѓе да ги обликуваш во навистина неверојатни големи луѓе е чест, но и подарок – рече Клои мислејќи на нејзината ќерка Тру.

– Знам дека тоа е клише, но сакам сè, дури и тешките делови од родителството. Може да биде страшно, но мојата работа ја сфаќам многу сериозно. Мораме сериозно да ги сфатиме тие улоги, особено во денешно време, кога децата имаат пристап до многу содржини и се изложени на многу информации додека се уште се толку мали – додаде таа.

Тристан и Кардашијан со години ја држат врската на стаклени нозе, а за се е крив Тристан кој безброј пати ја изневерувал Клои, а таа секој пат му простувала. Иако никој не знае што ќе одлучи на крајот Клои и колку ќе трае нивната љубовна агонија, парот моментално не е заедно, а веста дека и покрај се чекаат второ заедничко дете ја шокираше јавноста.

– Не се почитува себеси… Не знам како можела да си го дозволи тоа по толку разочарувања – гласат коментарите на Твитер.

Двојката веќе има едно дете, ќерката Тру, а на самиот ден на нејзиното раѓање, Клои преку социјалните мрежи дознала за неверството на својот партнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....