13:41 - 27 ноември, 2026

Џејн Фонда откри дека боледува од ретка форма на рак

џејн фонда

Актерката Џејн Фонда откри дека и е дијагностициран рак и дека оди на хемотерапија.

Во објава на Инстаграм, каде што има 1,9 милиони следбеници, 84-годишната Фонда откри дека боледува од не-Хочкинов лимфом. Фонда го опиша како „многу излечив рак“ и рече дека се чувствува многу среќна поради тоа.

Холивудската икона ја искористи својата објава за да ја истакне состојбата на здравствената заштита во САД и рече дека ќе продолжи со својот климатски активизам. Таа напиша дека се чувствува среќна бидејќи има здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и третмани.

– Разбирам и болно е дека сум привилегирана во ова. Речиси секое семејство во Америка мораше да се справи со ракот во еден или друг момент, а премногу од нив немаат пристап до квалитетната здравствена заштита што ја добивам, и тоа не е во ред“, рече таа.

Не-Хочкиновиот лимфом е ретка форма на рак кој се развива во лимфниот систем. Фонда напиша дека ќе помине шест месеци хемотерапија, но дека „нема да дозволи ништо од ова да му пречи на мојот климатски активизам“.

– Ракот е учител и внимавам на лекциите што ми ги носи. Едно нешто што веќе го сфатив е важноста на заедницата и продлабочувањето на сопствената заедница за да не бидеме сами. А ракот, со мојата возраст – скоро 85 години – дефинитивно учи на важноста да се приспособиме на новите реалности, рече таа.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....