6.8 C
Скопје
08:51 - 1 април, 2026

Кина: протестите се зголемуваат, но владата инсистира на вакцинација за повозрасните лица

Од Пекинг доаѓа одлука за задолжителна обврска за вакцинација за возрасната група од 60 години и повеќе. Одлуката доаѓа во екот на бранот демонстрации против ограничувањата и принудните карантини. 

Во екот на бранот народни протести против драконското управување со мерките против Ковид, од кинеската влада пристигнува новиот план за управување со зголемувањето на инфекциите.

Националната здравствена комисија најави целосна вакцинација на населението над осумдесет години и стави до знаење дека има намера да го зајакне опфатот и за возрасните над 60 години.

Според властите, процентот на кинески граѓани на возраст над 80 години кои се целосно вакцинирани во моментов е 65,8%.

И додека од локалните власти беше побарано да преземат одговорност за убедување на постарите лица да подлежат на вакцини, кинеските безбедносни сили ги наполнија улиците на Пекинг и Шангај за да спречат да нови демонстрации од граѓаните кои се огорчени од жестоките антиковид мерки.

Минатонеделниот смртоносен пожар во Урумчи, главен град на северозападната кинеска област Ксинџијанг, беше фитилот што го запали гневот на јавноста.

Во меѓувреме, бројни се онлајн апелите да се излезе на протести по плоштадите на земјата како и на унивезритетите.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....