13.8 C
Скопје
15:40 - 18 декември, 2024

Ќерката на Роналд Реган го предупредува принцот Хари правејќи паралела со сопствените мемоари за кои денес се кае до болка: Зошто да ги претвораме последните години на нашите родители во страдање?

Ќерката на Роналд Реган напиша колумна посветена на мемоарите на принцот Хари, споредувајќи ги со сопствените бунтовни мемоари од младоста, за кои денес се кае до болка.

принтскрин

Ќерката на 40-от американски претседател Роналд Реган, Пети Дејвис, напиша колумна за „Њујорк Тајмс“, во која го изрази своето мислење за актуелните мемоари на принцот Хари. Во написот, таа се сеќава на сопствените мемоари, во кои ги критикувала своите родители и како сакала да ја раскаже вистината за конфликтите во нивното семејство.

„Кога Алцхајмеровата болест на татко ми почна да се развива, му се извинив што напишав автобиографија пред многу години во која зборував за проблемите на нашето семејство. Тогаш тој не зборуваше многу, но од неговите очи прочитав дека ме разбира“, пишува Пети. Таа се осврна на сопствените емоции, откако прочитала што напишал принцот Хари за својот татко. Пети потсетува дека кралот Чарлс III побарал од своите синови, меѓу кои настанал конфликтот, „да не ги претвораат неговите последни години во страдање“.

„Времето е непредвидлива работа“, пишува Дејвис и додава дека зборовите на кралот се зборови на човек кој е свесен за својата смртност и сака и неговите деца тоа да го разберат. Пети Дејвис споредува и дека нејзиното оправдување за пишување на нејзините мемоари (кои сега повика да не се купуваат) во младоста, било многу слично на размислувањето на принцот Хари. „Сакав да ја кажам вистината, наивно мислев дека ако ги изложам моите чувства и вистината пред јавноста, и моето семејство ќе може подобро да ме разбере“. Дејвис истакна дека луѓето „генерално реагираат лошо“ кога нешто вакво ќе излезе во јавност, а вистината е многу посложена отколку што изгледа во младоста. „Не постои само нашата вистина, и другите луѓе во нашата историја имаат своја вистина“. Според неа, принцот Вилијам има своја вистина во оваа приказна и таа мора да се земе предвид за да се разбере што навистина се случило. „Зборовите на Хари дека Вилијам му е заколнат непријател, се зборови кои длабоко ќе болат и ќе остават лузни. Ако молчеше и размислуваше за моќта на неговите зборови, можеби ќе направеше поинаков избор“.

 

„Пред многу години, некој ме праша што би си рекла во младоста кога би можела да го вратам тоа време. Без да размислам, одговорив: „Едноставно е. Би си рекла: замолчи. Не засекогаш, туку додека не успеам да гледам на работите пошироко, додека не сфатам дека зборовите имаат последици кои можат да траат многу долго“. Таа истакна дека „тишината дава простор, дава дистанца и ви овозможува поцелосно да ги погледнете вашите искуства“, и додава дека „не треба сè да му се кажува на целиот свет“.

Самата Пети јавно проговори за конфликтите со сопствениот татко. Нивната главна причина за раздор бил нејзиниот избор на професија – таа сакала да стане актерка, и покрај фактот што нејзиниот татко бил многу конзервативна личност и сакал посериозна работа за ќерка си. Денес, таа жали за сопствените провокативни изјави во печатот и скандалозните постапки, како онаа, во 1994, кога позираше гола за насловната страница на „Плејбој“. Но,откако дознала за болеста на нејзиниот татко, таа се смирила со родителите и поминувала што повеќе време со семејството.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....