16:17 - 13 април, 2026

КЕЈТ МИДЛТОН И ВИЛИЈАМ ВО ЈАМАЈКА СРЕДЕ КОНТРОВЕРЗИИ: Се бара извинување за колонијалното минато!

Жителите на Јамајка сакаат да бидат обештетени (не само со зборови) за злосторствата на колонијализмот и напишале отворено писмо до војводите од Кембриџ. Од Бакингемската палата засега нема официјален одговор. Климата на Карибите никогаш не била толку жешка.

Кралската турнеја на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам продолжува на Карибите. Откако се збогуваа со Белизе, кралската двојка слета на Јамајка во вторник на 22 март доцна вечерта.

Кејт облечена во жолт фустан, во знак на почит кон боите на земјата, сè повеќе блеска, додека нејзиниот сопруг мораше да се справи со сенките кои го следат.

Исто како што беше во Белизе, и во Јамајка има такви кои не гледаат благонаклоно на присуството на војводите. Всушност, во земјата голем дел од населението, поддржано од интелектуалци, политичари и лидери, сакаат републиканска влада. Јамајка, и покрај тоа што е независна од 6 август 1962 година, е сепак земја на Комонвелтот: тоа значи дека има гувернер, но дека кралицата Елизабета останува шеф на државата.

Јамајканците би сакале да ги прекинат врските со Лондон главно поради минатото на островот. Сеќавањето на колонијализмот, со целата негова грдотија и неговите злосторства, сè уште е јасно, а сега би било зрело време за радикална промена. Избор што веќе неодамна го направи Барбадос, и кој може да доведе до емулација (имитирање на постапките) меѓу многуте држави кои сè уште се тесно поврзани со Обединетото Кралство.

По повод кралската посета, коалицијата на жители на Јамајка напиша отворено писмо до војводите, ставајќи ја на хартија желбата да се одвои судбината на земјата од Лондон.

Подносителите на петиција, исто така, побараа од Велика Британија јавно извинување за експлоатацијата на нивната земја, како и финансиска компензација.

Предводник на оваа коалиција е Опал Палмер Адиса, поранешен учител, поет и активист за човекови права.

„Принцезите и принцовите припаѓаат на бајките, а не на Јамајка“, пишува во писмото во кое ги обвинува Кејт и Вилијам дека се одговорни, иако индиректно, за злосторствата на нивните предци, бидејќи денес го користат она што тие предци го изградиле.

Никаков официјален одговор, барем досега, нема од Бакингемската палата, а програмата на војводите од Кембриџ се уште не претрпе никакви промени, како што беше во Белизе. Она што е сигурно е дека во Јамајка има и такви кои немаат намера да го прослават платинестиот јубилеј на кралицата.

Слични објави

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.

Миљана Кулиќ скршена на Велигден: „Одам да ја погребам“

Еспресо

Неделен хороскоп: Големи одлуки, нови шанси и неочекувани средби

Т.Ц.

„Никој не ја жали, мисли дека е најпаметна“: Блејк Лајвли важи за „тешка соработничка“

Т.Ц.

Едита Арадиновиќ доживеа вистински хаос во клуб – на бремената пејачка ѝ бил испрскан солзавец, па настапот бил прекинат

Еспресо
Се вчитува....