16:46 - 2 април, 2026

Карлеуша ја поддржа Брена по операцијата: Таа е национално богатство, мораме да ја осигураме

Поп дивата Јелена Карлеуша синоќа настапи во преполната сала на хотелот „Вучко“ во Јахорина. Таа со своите безвременски хитови ја загреа атмосферата, а публиката заедно со неа ги пееше речиси сите песни, и од старите и од новите албуми „Алфа“ и „Омега“.

Карлеуша час пред полноќ се појави во хотелот во брутално издание – облече тесен комбинезон со ефективен, колоритен дезен, кој ја истакна нејзината витка линија и бујните атрибути.

Видно расположена Карлеуша даде изјава за српски „Телеграф“ пред почетокот на настапот.

Покрај бројните теми, Јелена ја зборуваше и за својата колешка, регионалната ѕвезда Лепа Брена, која неодамна доживеа несреќа на концерт во Загреб, кога снимателот падна врз неа.

Пејачката се здобила со скршеница на ногата, поради што била оперирана, а потоа, еден ден подоцна била пуштена на домашно лекување, а сега е во Белград, во својата вила на Бежанијска коса.

Карлеуша ги имаше најубавите зборови за поддршка на Брена. Таа посочи дека треба да ја осигураме и заштитиме, бидејќи е склона на повреди.

– Забележав дека Брена е склона на повреди, малку, малку, па гледам дека има некаква повреда. Брена треба да биде заштитена и осигурана, за секоја сцена – нозе, раце, глава… Затоа што е склона на повреди, а тоа едноставно не смееме да го дозволиме, бидејќи таа е национално и балканско богатство – рече Карлеуша и додаде:

– Нашата работа не е толку лесна, да излезеш и да пееш. Сè се случува таму. Уште поекстремна сум во таа смисла, имам продуцент кој сака да ме обесува на ѕвезда, снегулка, знаци… – низ смеа изјави Јелена Карлеуша.

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....