14.8 C
Скопје
17:35 - 14 март, 2026

Карлеуша ја откри вистинската причина за разводот со Душко: Проговори и за врската со згодниот кошаркар

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена беше во Црна Гора, а тамошните медиуми се интересираа за нејзината врска со кошаркарот Никола Јовановиќ.

Јелена Карлеуша се разведе од Душко Тошиќ, а оттогаш многумина ја поврзуваат со кошаркарот Никола Јовановиќ, кого го следи на Инстаграм.

Карлеуша никогаш не ги криеше симпатиите кон него, а во еден предизвик, на спомнувањето на името на Никола, пејачката слатко се насмевна и истакна дека му нема рамен кога е во прашање физичкиот изглед.

ЈК пред неколку дена беше во Црна Гора, а тамошните медиуми се интересираа каков однос навистина имаат кошаркаркарот на што таа изјави:

„Дали тој е само пријател или пријател со бенефиции? Па, да речеме дека сме пријатели“, одговори таа.

Пејачката истакнала и дека не ѝ недостига бившиот сопруг бидејќи во текот на целиот брак претежно била сама:

„Можеби едноставно, не можам ни да кажам дека направив погрешен избор, но луѓето се менуваат. Се променив, мојот сопруг се смени, мојот живот доби чудна насока и моментум, каде што беше тешко да ме следи и разбере. Не го обвинувам, тешко е да ме следи. Можеби е подобро да си сам. Го сакав Душко многу, многу, но мислам дека тоа не траеше затоа што тој не ме сакаше на вистински начин, и тоа е во ред. Всушност, тој не можеше да ми ја даде количината на љубов и да ме сака онака како што ѝ треба на една жена како мене. Но, не го обвинувам“, заклучила Карлеуша за „Ексклузив“.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....