11.8 C
Скопје
13:22 - 30 март, 2026

Кара Делевињ: Трезноста вредеше за секоја секунда откажување, сега сум стабилна

Кара Делевињ се отвори за својата битка против зависноста велејќи дека целосното отфрлање на алкохолот ѝ донело позитивна промена во животот.

Во интервју за британскиот „Ел“ супермоделот сподели дека откажувањето од алкохол ја направило стабилна и посмирена.

Делевињ минатата година се пријавила на рехабилитација поради проблеми со злоупотреба на супстанции откога признала дека папараци-фотографиите од нејзиното непредвидливо однесување на аеродромот служеле како проверка на реалноста.

„Не беше лесно, но никогаш немаше момент да кажам: ова не вреди“, рече таа за магазинот.

„Вредеше секоја секунда. Сега сум стабилна. Сега сум посмирена“.

Кара призна дека говорењето за нејзините тешкотии крева голема тежина од нејзините рамена.

„Долго време се чувствував како да се кријам од луѓето што се огледуваа на мене. Конечно, се чувствувам дека можам да бидам слободна и целосно своја“, додаде таа.

30-годишната убавица се отвори за своите проблеми во интервју за „Вог“ во април, каде што проговори за своите проблеми со злоупотреба на опијати и патувањето кон долготрајна трезвеност.

Делевињ рече дека или „ќе завршела мртва или ќе направела нешто навистина глупаво“ ако не побарала лекување.

Слични објави

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо
Се вчитува....