01:54 - 7 април, 2026

Какво време ќе имаме ОВАА седмица: Попоски прогнозира до 16.април

Метео прогнозерот Славчо Попоски нè известува какво ќе биде времето во текот на наредните денови.

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен, а во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат рано летни и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени – вели Попоски.

Според Попоски, потоа, под влијание на влажен и постуден воздушен бран од северозапад утре ќе има нови врнежи од дожд, додека на планините врнежите од дожд ќе премнинуваат во снег, а ќе дува и засилен ветер од северозападен правец. Ќе има услови и за ретка појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, додека температурите ќе бидат значително пониски за разлика од денешните и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

– Нова стабилизација на времето се очекува уште од самиот почеток на следната недела, иако во понеделник ќе има услови за сосема слаб и локален дожд и снег на повисоките места и на планините, и тоа особено во северните и во североисточните предели. Во понеделник сè уште ќе дува засилен ветер од северен правец. Според сегашните изгледи во текот на следната недела ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Особено во понеделник и во вторник наутро температурите некаде ќе се спуштаат само неколку степени под нулата со што ќе има услови и за појава на слаб мраз, додека потоа истите ќе бидат насекаде позитивни. Максималните температури ќе бележат тенденција на секојдневен пораст и до крајот на следната недела, во најтоплите предели, температурите пак ќе бидат рано летни и ќе се искачуваат до околу 25 степени – заклучува Попоски и напоменува дека метео анализи секојдневно можете да следите на интернет порталите Еспресо.мк и Слободен печат.мк, со што за секоја новонастаната временска состојба ќе бидете навремено информирани.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....