17:19 - 10 ноември, 2026

Кајли Џенер ја откри тажната приказна за фустанот што го носеше на Мет Гала, а за кој доби многу негативни критики

Сестрите Кардашијан-Џенер често знаат да изненадат со својот моден избор. На овогодинешната Мет Гала, Кендал беше облечена во црн гламурозен фустан за кој многумина се согласија дека е една од најдобрите креации на вечерта. Ким се појави во фустан на Мерилин Монро, а за да успее да влезе во него морала да ослабне дури 7 килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Кајли собра најмногу негативни коментари. Таа се појави во венчаница која ја носеше во комбинација со капа и превез на очите. Веднаш почнаа исмејувањата на социјалните мрежи, а не премолчеа ни модните критичари.

А се огласи и Кајли. Таа нагласи дека тоа е фустан на брендот Off-White и ја објасни тажната приказна што стои зад нејзиниот аутфит.

„Јас и Вирџил требаше заедно да одиме на Мет Гала пред да биде одложена за 2020 година. Прославувањето на Вирџил вечерва и неговото неверојатно наследство ми значи многу. Се чувствувам почестена што можам да го носам овој фустан во чест на мојот талентиран и прекрасен пријател“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala (@themetgalaofficial)

Да потсетиме, Вирџил Аблох беше основач на брендот Off-White, а почина минатата година откако ја загуби битката со ракот на 41-годишна возраст.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....