21:49 - 4 април, 2026

Јелена Карлеуша откри непознати детали за бракот со Душко: „Се трудам да не останам сама со него“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Врската помеѓу пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ веќе извесно време е тема на регионалната јавност, а пејачката неодамна ги „зачини“ приказните за нивниот брак со нејзината исповед во еден подкаст.

Таа призна дека нејзиниот однос со Душко „заладил“, а тој не сака да го споменува во интервјуата.

Меѓутоа, сега таа повторно зборуваше за тоа што се случува зад вратите од нивниот дом. Уште повеќе, Јелена признава дека се труди да не остане сама со него.

– Се трудам да не останам сама дома со него – шокираше Јелена, а на прашањето на водителката каква е сега комуникацијата меѓу нив, пејачката додаде:

– Мислам дека претходниот одговор беше сосема доволен. Можам да кажам дека не е како што би се нарекла убава комуникација, така да се каже. Тоа е животот – признава таа.

Таа исто така истакна дека Душко еднаш ѝ рекол дека „не ја оженил за да игра за Реал Мадрид“.

– Тој верува дека ќе играше во Реал Мадрид да не бев јас. Тој мисли дека не сум бил добра за него, но имаше убава кариера. Нема зошто да се жалам, не сум толку лоша девојка, имаме прекрасни деца – изјави Карлеуша во емисијата „Уна, дуе, тре“ на телевизија Уна.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....